список на статии на Викимедија From Wikipedia, the free encyclopedia
Општини во Хрватска (хрватски: općine) — административна единица во Хрватска која заедно со градот претставува второстепена управна целина на која се делат жупаниите во земјата.
Во 2017 г. Хрватска со нејзината 21 жупанија била поделена на 128 градови и 428 општини.[1][2]
Општините се задолжени со задачи од месно значење кои непосредно ги задоволуваат потребите на граѓаните, а за кои не е надлежна државната власт по пропишан закон. Меѓу нив се вбројуваат: инфраструктурата, урбанизмот и домувањето, јавните служби, социјалата, здравството, образованието, културата и спортот, заштитата на потрошувачот, заштитата на животната околина, противпожарните бригади и цивилната заштита, месниот превоз и др.[3][4]
За месната самоуправа на општината е надлежен општинскиот совет (općinsko vijeće). Советниците се избираат на секои четири години на непосредни избори со пропорционален систем по Донтовиот метод. На чело на извршната власт на општината стои општинскиот началник (općinski načelnik), кој, заедно со неговиот заменик, се бира со мнозинско гласање, а може да се разреши со референдум. Општината има одделенија, предводени од одделенски началници назначени од општинскиот началник на основа на јавен конкурс.[3] [5]
Општините понатаму се делат на месни одбори (mjesni odbori) со избрани совети.
Во 2017 г. во Хрватска имало 428 општини.[6] Тука се наведени по жупаниите на кои им припаѓаат:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.