Околупланетарен диск

From Wikipedia, the free encyclopedia

Околупланетарен диск

Околупланетарен диск е збир од материја во форма на тор, ѓеврек или прстен, составена од гас, прашина, планетезимали, астероиди или парчиња од судири во орбитата на планетата. Тие се складиште на материјал околу планетите од кое што може да настанат месечини (или егзомесечини или подмесечини).[1]

Thumb
Околупланетарен диск околу вонсончевата планета PDS 70c

Во август 2018 г., астрономите објавиле дека веројатно откриле околупланетарен диск околу ЦС Ка Б.[2] Авторите наведуваат дека „Системот на ЦС Ка е единствениот систем во кој најверојатно е присутен околупланетарен диск, како и околуѕвезден диск“.[3] Но, во 2020 г., биле ревидирани параметрите на ЦС Ка Б, и ја окарактеризирале како насобирачко црвено џуџе, а дискот како околуѕвезден.[4]

Во јуни 2019 г., астрономите известиле дека откриле докази за постоење околупланетарен диск околу ПДС 70б [5] со помош на спектроскопија. Во јули 2019 г., астрономите го објавиле првото откривање на околупланетарен диск[6][7][8] со помош на Големата милиметарска/подмилиметарска низа Атакама (АЛМА) (анг: ALMA).[9] Испитувањата на АЛМА, при кои се користат милиметарски и подмилиметарски бранови должини, се подобри во набљудувањето на прашината која се наоѓа во меѓупланетарниот простор, затоа што ѕвездите испуштаат релативно малку светлина на овие бранови должини, и затоа што оптичките набљудувања често се преплавуваат со блесокот од светлата ѕвезда домаќин.

Околупланетарниот диск е откриен околу млада јовијанска вонсончева планета слична на Јупитер, PDS 70c; а друг таков диск е можеби откриен и околу блиската јовијанска вонсончева планета, ПДС 70б.[10][11][12] Овие вонсончеви планети се дел од мултипланетарниот ѕвезден систем PDS 70, на околу 370 светлосни години од Земјата.[13]

Според Андреа Изела, истражувач од Универзитетот Рајс во Хјустон, Тексас, „За прв пат, можеме да заклучиме дека ги гледаме знаците на околупланетарен диск, што ни помага да поткрепиме многу од поновите теории за создавањето на планетите... Преку споредување на нашите набљудувања со инфрацрвени снимки со висока резолуција и оптичките, може јасно да се види дека мистериозната концентрација од ситни честички прашина е всушност диск од прашина што ја опколува планетата, одлика што со сигурност можеме да кажеме дека е забележана за прв пат.“[14]

Потенцијални околупланетарни дискови се откриени и околу Чa 110913−773444,[15] 2M1207б,[16] J1407б,[17] ХД 100546 б,[18] ГСЦ 06214-00210 б,[19] и ДХ Таури б.[20]

Поврзано

Надворешни Врски

Наводи

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.