From Wikipedia, the free encyclopedia
Општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ — средно училиште во Општина Охрид.
ОУТУ „Ванчо Питошевски“ - Охрид | |
![]() | |
Место | |
Општина: | Охрид |
Место: | Охрид |
Адреса: | Ул. „Кеј Маршал Тито“ бр.101, 6000 Охрид |
Основни информации | |
Основано: | 10 септември 1960 година |
Директор: | Тони Андрески |
Број на ученици: | 482 |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Портал | www.vancopitoseski.edu.mk |
Идејата за отворање на угостителското училиште во Охрид има подлабоки корени, уште од втората половина на 1949 година. Имено, претседателот на Комитетот за туризам и угостителство на Владата на РМ - Диме Бојаноски, во согласнот со Министерството за труд, потпишано од Боге Кузманоски на 19 септември 1949 година, донесува решение под бр.6433 за основање на стручно угостителско училиште во Охрид. Но таа идеја не е реализирана. Имајќи ги предвид природните услови крај брегот на Охридското Езеро и културно-историското наследство, туристичките работници од Охрид уште од порано го имаа согледано проблемот со стручни кадри од областа на туризмот и угостителството, кои ќе можат со успех да се носат со проблемите од оваа дејност. Скоро на сите собири на туристичките работници се согледуваше проблемот со недостиг на образовни кадри од оваа област. Во јули 1953 година се формира посебно одделение кое работело по наставен план на четиригодишното училиште со што четвртата година би послужила за специјализација во угостителската струка. Ново поглавје во напорите за стручно оспособување на кадри од областа на угостителството претставува 1961 година, кога во Охрид започна со редовна настава стручното угостителско училиште со практична обука, со траење од две години. Во учебната 1967-1968 во училиштето се воведува тригодишна настава. Од 20 март 1973 година училиштето е овластено да изведува испити за сите занимања од угостителска насока: келнери, готвачи, портири, слаткари, собарки, точители, ќебапчии, бармени, салатери и друго. Од 26 јуни 1984 година во училиштето се верифицира воспитно образовна дејност за занимањето-продавач од трет степен. Од 8 декември 1990 година се верифицира образовен профил-туристички техничар од четврти степен. Од 3 ноември 1992 година е верифицирана образовната дејност од петти степен на стручна подготовка, за образовниот профил: келнер-специјалист, готвач-специјалист и слаткар-специјалист.
Целите и задачите на средното училиште се:
Наставниот процес во училиштето се реализира според годишни програми кои се носат на почетокот на секоја учебна година, во соработка со Бирото за образование при Министерство за образование и наука на Република Македонија. Врз основа на годишниот план, свои планови за работа изготвуваат и наставниците по одделните предмети. Планирањето, главно, се одвива врз основа на колективен систем на настава. Во таа насока се утврдуваат проектни активности кои овозможуваат учениците да се подготват за самостојна работа, за користење на разни извори на учење, проучување и истражување на некои проблеми на одредена тема и за изработка на проектни задачи предвидени со усвоениот концепт за спроведување на државна матура.
Современите услови за живеење, сè поголемата примена на компјутеризацијата, примената на современата организација и технологија во угостителството и туризмот, бараат постојано усовршување на наставно-образовниот процес со нови методи и критериуми, за да можат идните кадри што излегуваат од училиштето успешно да се вклопат во современите барања. Заради тоа, во текот на 50-годишното постоење на ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид се забележува перманентно подобрување на квалитетот на наставата и практичната работа со нови форми и содржини. Во текот на 1961/1962 година учениците изучуваа: послужување, готварство, организација на угостителството и хотелиерството и странски јазик. Од следната година се ангажираа и хонорарни наставници за предметите:македонски јазик, стокопознавање, физичко и здравствено образование и општо-економско образование. Во 1966/1967 учебна година наставниот план е надополнет со предметите: стопанска и општа математика, економика на претпријатијата, географија и предвојничка обука.
Практичната настава во училиштето се реализира во постојните кабинети и во објектите на социјалните партнери. Практичните и теоретските знаења кај учениците се проверуваат и преку организирање на феријална пракса која трае 20 дена во текот на летниот период, како и преку организирање на 10-дневна професионална пракса на учениците од завршните класови кај социјалните партнери за време на новогодишните и првомајските празници.
Во рамките на образовниот систем на Република Македонија, во согласност со глобалните напори за заштита на човековата средина на Земјата, особено внимание се посветува и на одржување на еколошки чиста човекова средина. ОУТУ „Ванчо Питошески“ од Охрид, со повеќе активности е интегрирано во еколошкиот образовен систем. Како приоритетни задачи во оваа насока се поставени : заштеда на енергија и вода во текот на работата, одржување на чистота во училиштето и уредување и одржување на дворната површина со зеленило.
Во учебната 2011/2012 година во училиштето се запишале 428 ученици, од кои 212 од профилот готвачи, 202 од профилот хотелско-туристички работници и 66 од профилот келнери, распоредени во 22 паралелки. Покрај редовната настава, следењето на талентот и успехот на учениците, училиштето врши и воннаставна воспитно-образовна дејност преку организирање на слободни ученички активности, натпревари, ученички екскурзии, општествено-корисна работа и заедница на учениците.
Со цел продлабочување на знаењата во одделни области и истакнување на творечките афинитети кај учениците, во училиштето работаат и следниве секции : секција на млади хотелиери, секција на млади готвачи, секција на млади келнери, литературна секција, еколошка секција, информатичка секција. Во фаза е и оформување на Вики-секција.
ОУТУ „Ванчо Питошески“ води посебна грижа за стандардот на учениците за да им го направи престојот во училиштето попријатен. Овде пред сè се мисли на ученичкиот дом, ученичкиот ресторан, материјалната поддршка на оние ученици со послаба материјална основа. Ученичкиот дом работи одкога постои и училиштето. Први гости во домот биле фолклорни групи кои учествувале на Балкански фестивал на народни песни и игри. Истата година, 1964, летото, престојувале учесници во првиот Охридски пливачки маратон. Од страна на ученици домот започнал да се користи во учебната 1964/65 година. Денес, ученичкиот дом претставува важна воспитно-образовна установа во рамките на училиштето. Условите за престој се солидни затоа што се направени повеќе инвестициски зафати за уште поудобен престој. Денес домот располага со сместувачки капацитет од 111 легла, со 34 трокреветни спални соби и една гостинска соба, со посебни тоалети за секоја соба. Опремени со нов мебел, постелнини,собите се и во непосредна контрола од на воспитувачите. Домот располага со современа училишна кујна и современ ресторан со 370 седишта. Од 2008 година воведено е бесплатно сместување и исхрана на учениците во домот.
Како дополнителни активности, преку кои се збогатуваат знаењата на учениците и се зголемува квалитетот на воспитно-образовниот процес, во училиштето има разни проекти на локално и меѓународно ниво. Ефектите од реализацијата на проектите веќе се чувствуваат, така што од училиштето произлегуваат профили кои со стекнатите знаења можат со успех да се носат во извршувањето на задачите од нивната струка.
ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид, во досегашниот 50-годишен развој има учествувано на повеќе натпревари и манифестации во земјата и во странство, а има и освоено повеќе поединечни и групни признанија и награди.
Во текот на 2010 година, учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид, од неколку меѓународни саеми за туризам, се вратија со повеќе награди и признанија, и тоа:
Готвачи(екипно) - сребрен медал
Келнери(екипно)-златен медал
Келнери(екипно)-златен медал
Готвачи-златен медал
Меѓународен саем за туризам-Струга, 18 јануари 2009 година
Меѓународен саем за туризам-Дубровник, октомври 2009 година
Меѓународен саем за туризам-Бургас, НР Бугарија, 4 мај 2010 година
Меѓународен саем за туризам - Сараево, Босна и Херцеговина, 12 ноември 2010 година
Готвачи
Келнери
Меѓународен натпревар на средни училишта- Трагир, Хрватска, април 2011 година
Меѓународен саем за туризам -Сараево, 11 ноември 2011 година
Келнери
Готвачи
Хотелско-туристички техничари
Државен натпревар на средни училишта - Охрид, 18 јануари 2011 година
Келнери
Готвачи
Хотелско-туристички техничар
Државен натпревар по барменство-Скопје, мај 2011 година
Детски ликовен центар Скопје, 2008/2009 година - Меѓународен ликовен конкурс на тема :Флора и фауна
Мултимедијален центар „Мала станица“ Скопје, 2009 година- Награден конкурс на тема: Основање светови
Детски ликовен центар-Скопје , 2010 година-Меѓународен детски ликовен конкурс на тема: 13 Ноември
Државни првенства
Општински натпревари
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.