Нептунов тројанец

From Wikipedia, the free encyclopedia

Нептунов тројанец

Нептунови тројанци — тела во орбита околу Сонцето близу една од стабилните Лагранжови точки на Нептун, сличмо ма тројанците на другите планети. Имаат приближно ист орбитален период како Нептун и приближно ја следат неговата патека. Познати се 22 Нептунови тројанци, од кои 19 кружат околу сончево–нептунската Лагранжова точка L4, 60° пред Нептун,[1] а три вртат околу Нептуновото L5-подрачје 60° зад планетата.[1]

Нептуновите L4-тројанци со плутината за споредба.
      Нептунови тројанци (избор)
  · 2001 QR322
  · 2005 TN53
  · 2007 VL305
      Плутина
  · Плутон
  · Орк
  · Иксион

Откривањето на 2005 TN53 во високонаклонета (>25°) орбита е значајно, бидејќи го открива присуството на густ облак од тројанци[2] (Јупитеровиte тројанци имаат наклон до 40°[3]), што укажува на зафат со замрзнување наместо образување на самото место или со судири.[2] Се претпоставува дека големите (≈ 100 км во пречник) облаци од Нептунови тројанци се десеткратно побројни од Јупитеровите.[4][5]

Во 2010 г. е објавено откривањето на првиот Нептунов тројанец во L52008 LC18.[6] Следечкото L5-подрачје на планетата денес е многу тешко се набљудување бидејќи лежи во видна линија на средиштето на Млечниот Пат, каде небото е преполно со ѕвезди.

Откривање и истражување

Во 2001 г. е откриен првиот Нептунов тројанец — 2001 QR322 — близу L4-подрачјето на Нептун, со што станал петтиот[б 1] познат стабилен содржател на мали тела во Сончевиот Систем. Во 2005 г. откривањето на високонаклонетиот тројанец 2005 TN53 довело до мислење дека Нептуновите тројанци населуваат густи облаци, ограничувајќи го можносто потекло на истите.

На 12 август 2010 г. е пронајден првиот тројанец во L52008 LC18.[6] Откриен е со вршење на макотрпно прегледување на подрачјата каде светлината на ѕвездите близу Галактичкото Средиште е прикриена од правливи облаци.[7] Ова упатува на тоа дека големите L5-тројанци се подеднакво застапени како големите L4-тројанци до извесен степен на несигурност,[7] што уште повеќе ги ограничуваат моделите за нивниот настанок.

Динамика и потекло

Thumb
Анимација на која е прикажана патеката на шест Нептунови L4-тројанци во вртежна рамка, со период еднаков на Нептуновиот орбитален период. Нептун стои неподвижно.

Орбитите на Нептуновите тројанци се мошне стабилни; Нептун може да има задржано преку 50 % од првобитното попреселбено тројанско население во животниот век на Сончевиот Систем.[2] Неговата L5 може подеднакво да вдоми стабилни тројанци како и L4.[8] Нептуновите тројанци можат да либрираат до 30° од нивните Лагранжови точки во период од 10.000 години.[7] Оние кои застрануваат влегуваат во орбити слични на кентаурските.[8] Иако Нептун сега не може да зафаќа стабилни тројанци,[2] приближно 2,8 % од кентаурите на растојание од 34 ае се сметаат за негови коорбиталци. Од нив, 54 % се во потковичести орбити, 10 % се квазимесечини, а 36 % се тројанци (рамномерно поделени меѓу групите L4 и L5).[9]

Неочекуваните високонаклонети тројанци се клучни за осознавање на потеклото и развојот на населението во целина.[8] Постоењето на високонаклонети Нептунови тројанци укажува на зафат за време на планетарната преселба наместо образба на самото место или со судири.[2][7] Проценетиот подеднаков број на големи L5- и L4-тројанци вели дека немало отпор од гас при зафатот и упатува на заеднички зафатен механизам за тројанците од L4 и L5.[7] Зафатот на Нептунови тројанци при преселбата на планетите се одвива во процес сличен на безредното зафаќање на Јупитеровите тројанци во Ничкиот модел. Кога Уран и Нептун се блиску, но не во среднодвижечка резонанца, местата каде Уран го одминува Нептун можат да кружат со период кој е во резонанца со либрациските периоди на Нептуновите тројанци. Ова доведува до зачестени растројувања кои ја зголемуваат либрацијата на постоечките тројанци, предизвикувајќи нестабилност во нивните орбити.[10] Овој процес може да биде и обратен, јавувајќи се при зафат на нови тројанци со продолжувањето на планетарната преселба.[11] За високонаклонетите тројанци да можат да се зафатат, преселбата мора да била бавна,[12] или да го стекнале нивниот наклон претходно.[13]

Бои

Првите четири откриени Нептунови тројанци имаат слични бои.[2] Тие се претежно црвени, малку поцрвени од сивите тела од Кајперовиот Појас, но не толку црвени како високоперихелските студени кубевана.[2] Ова е слично на боите во сината шуплина на кентаурската бојна распределба, Јупитеровите тројанци, неправилните сателити на гасовитите џинјови, а можеби и на кометите, што доследно одговара на сличното потекло на овие населенија од мали тела во Сончевиот Систем.[2]

Нептуновите тројанци се пребледи за добро спектроскопско набљудување со денешната технологија, што значи дека забележаните бои можат впрочем да претставуваат најразлични површински состави.[2]

Именување

Во 2015 г. Меѓународниот астрономски сојуз (МАС) усвоил ново имиња Нептуновите тројанци, кои се водат според амазонките, без да се прави разлика дали се во L4 или L5.[14] Амазонките биле воинствено племе сочинето исклучиво од жени ко е се борело во Тројанската војна на страна на Тројанците, а против Грците. Во 2019 г. именувани Нептунови тројанци биле 385571 Отрера (по Отрера, првата кралица на амазонките од старогрчката митологија) и Клета (амазонка и прислужничка на кралицата Пентесилеја, која ги повела амазонките во Тројанската војна).[15][16]

Членови

Бројот на набљудувани високонаклонети Нептунови тројанци е доста мал,[2] но се смета дека тие всушност се четирипати побројни од нисконаклонетите.[2] Претпоставувајќи албедо од 0,05, се очекува дека во Нептуновата L4 постојат 400+250
−200
тројанци со полупречници над 40 км.[2] Од ова би се заклучило дека големите Нептунови тројанци се 5 до 20 пати побројни од Јупитеровите, зависно од нивните албеда.[2] Има релативно помалку помали Нептунови тројанци, што може да се должи на тоа што тие лесно се распарчуваат.[2] Големите L5-тројанци веројатно се рамнобројни на големите L4-тројанци.[7]

2001 QR322 и 2008 LC18 покажуваат значајна динамичка нестабилност.[8] Ова значи дека тие може да се зафатени по планетарната преселба, но може и да се долготрајни членови кои едноставно не се сосема динамички стабилни.[8]

Во февруари 2020 г. се знаело а 29 Нептунови тројанци, од кои 24 кружат близу Лагранжовата точка L4 во Сонце-Нептун, 60° пред Нептун,[1] четири се близу Нептуновото L5-подрачје 60° зад него, а една кружи на спротивната страна на Неотун(L3). но често си ја менува местопложбата во однос на него, на точките L4 и L5.[1] Овие се наведени на следнава табела, која е изведена од списокот на нептунови тројанци на Центарот за мали планети при МАС[1] а со пречници преземени од трудот на Шепард и Трухиљо посветен на 2008 LC18,[7] освен ако не е поинаку наведено.

Повеќе информации Име, Привр.ознака ...
Име Привр.
ознака
Лагр.
точка
q (ае) Q (ае) i (°) Апс. вел. Пречник
(км)
Година на
откривање
Белешки ЦМП
2001 QR322 L429,40431,0111,38,2~1402001првиот откриен Нептунов тројанецЦМП
2004 KV18 L524,55335,85113,68,956[17]2011привремен Нептунов тројанецЦМП
385571 Отрера2004 UP10 L429,31830,9421,48,8~1002004првиот со број и имеЦМП
2005 TN53 L428,09232,16225,09,0~802005првиот откриен високонаклонет тројанец[2]ЦМП
385695 Клета2005 TO74 L428,46931,7715,38,5~1002005ЦМП
2006 RJ103 L429,07731,0148,27,5~1802006ЦМП
(527604) 2007 VL305 L428,13032,02828,18,0~1602007ЦМП
2008 LC18 L527,36532,47927,68,4~1002008првиот откриен L5-тројанец[7]ЦМП
(316179) 2010 EN65 L321,10940,61319,26,9~2002010скокачки тројанецЦМП
2010 TS191 L428,60831,2536,68,1~120201631 мај 2016ЦМП
2010 TT191 L427,91332,1894,38,0~130201631 мај 2016ЦМП
2011 HM102 L527,66232,45529,48,190–180[18]2012ЦМП
(530664) 2011 SO277 L429,62230,5039,67,7~140201631 мај 2016ЦМП
(530930) 2011 WG157 L429,06430,87822,37,1~170201631 мај 2016ЦМП
2012 UV177 L427,80632,25920,89,2~80[19]2014ЦМП
2012 UD185 L428,79431,53828,47,6~1802019ЦМП
2013 KY18 L526,62434,0846,66,8~200201631 мај 2016, неизвесна стабилностЦМП
2013 RL124 L429,36630,78310,18,8~10020204 февруари 2020ЦМП
2013 TZ187 L428,09232,13513,18,0~15020204 февруари 2020ЦМП
2013 VX30 L427,56332,52531,38,2~1402018ЦМП
2014 QO441 L426,96133,21518,88,3~130[19]2014најзанесен стабилен Нептунов тројанец [20]ЦМП
2014 QP441 L428,13731,97119,49,3~802015ЦМП
2014 RO74 L428,42631,61429,58,4~12020204 февруари 2020ЦМП
2014 SC374 L427,03833,06033,78,2~14020204 февруари 2020ЦМП
2014 UU240 L428,66131,45735,88,1~1402018ЦМП
2015 RW277 L427,74232,23630,810,2~5020181 октомври 2018ЦМП
2015 VV165 L427,51332,49716,98,8~9020181 октомври 2018ЦМП
2015 VW165 L428,48831,4885,08,1~13020181 октомври 2018ЦМП
2015 VX165 L427,61232,32717,28,9~9020181 октомври 2018ЦМП
Затвори

2005 TN74[21] и (309239) 2007 RW10[22] се сметале за Нептунови тројанци при нивното откривање, но подоцна е заклучено дека не се. За 2005 TN74 се сммета дека е во резонанца 3:5 со Нептун.[23] (309239) 2007 RW10 тековно следи квазимесечинска јамка околу Нептун.[24]

Поврзано

  • Нички модел
  • (309239) 2007 RW10 — привремена квазимесечина на Нептун.

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.