Национална арена „Тоше Проески“ (поранешни имиња: Филип II Македонски, Градски стадион, Телеком арена) — повеќенаменски стадион во Скопје за разни спортови, кој најчесто се користи за фудбалски натпревари. На него играат фудбалските клубови ФК Работнички и ФК Вардар, како и фудбалската репрезентација на Македонија.

Кратки факти Национална арена „Тоше Проески“, Градски стадион ...
Национална арена „Тоше Проески“
Градски стадион
Thumb
Место Градски парк, Скопје, Македонија
Отворен 1947
Проширен 2008-2011
Сопственик Град Скопје
Оператор ФФМ
Подлога трева
Главен изведувач ГП Бетон
Игра ФК Работнички
ФК Вардар
Фудбалска репрезентација на Македонија
Гледачи 33.011
Затвори

Тековната максимална сместивост на арената изнесува над 33.011. Владата на Република Македонија официјално го преименувала стадионот во февруари 2009 година со името Национална арена „Филип Втори“, но во ноември 2016 година стадионот бил преименуван во Телеком Арена по потпишаниот договор со Македонски Телеком.[1] Во септември 2017 година, договорот за името Телеком Арена бил раскинат и старото име Филип Втори, било вратено.[2][3]

Првичното име на стадионот e „Градски стадион Скопје“, па поради тоа е познат и под прекарот „градски“. Јужната трибина e проектиранa од архитектите на „Бетон“ Драган Крстев и Тодорка Мавкова уште во 1977 година.

Изградба и реконструкција

Изградбата на Градскиот стадион во денешната форма започнала во далечната 1978 година, кога започнала изградбата на јужната трибина. Истата била завршена за две години. По долг застој во реализацијата на проектот, во јануари 2008 година била урната старата северна трибина и започнала изградба на нова трибина. Изградбата на новата северна трибина се спровела според највисоките стандарди на ФИФА. Оваа трибина била пуштена во употреба на 2 август 2009. Потоа на 8 септември 2009 година започнала изградбата на источната и западната трибина. Кон крајот на 2009 година започнала и обновата на јужната трибина и истата била пуштена во употреба за потребите на натпреварот Работнички-Ливерпул, кој се одиграл на 29 јули 2010[4]. На 24 април 2011 во употреба биле пуштени источната и западната трибина со што целосно завршила првата фаза од реконструкцијата. Втората фаза опфаќала реконструкција на теренот и атлетската патека и истата отпочнала во септември 2011. Реконструкцијата завршила со уредувањето на подтрибинскиот простор.[5] Во септември 2013 започнала третата фаза од реконструкцијата, односно фасадното уредување и осветлување на арената. Новиот изглед на стадионот ќе овозможи и искристување на подтрибинскиот просор. Дел од овој простор ќе биде наменет за спортските федерации, а дел ќе се користи за комерцијална намена.[6]

Настани

Во јуни 2015 година, УЕФА го избрала стадионот за да биде домаќин на УЕФА Супер Купот во 2017 година.[7][8][9][10] Натпреварот се одиграл на 8 август 2017 година[11] помеѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, при што тимот на Реал Мадрид забележал победа со резултат од 2-1, а стрелци на головите биле Иско и Касемиро за Реал Мадрид, додека почесниот погодок за црвените ѓаволи го постигнал Лукаку во 62-та минута.

Галерија

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.