From Wikipedia, the free encyclopedia
Наталија Фјодоровна Кравцова р. Меклин (руски: Наталья Фёдоровна Меклин, украински: Наталія Фёдорiвна Меклин; 8 септември 1922 – 5 јуни 2005 ) беше командант на лет во 46. Таманска Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк, еден од трите женски воздухопловни полкови основани од Марина Раскова по Германската инвазија на Советскиот Сојуз. Полкот потоа ќе биде познат под името „Ноќни вештерки“, наречен така од страна на германските непријатели. Прогласена е за Херој на Советскиот Сојуз во февруари 1945 година, за извршување на 840 мисии, здобивајќи се со значајна слава.[1]
Наталија Фјодоровна Кравцова р. Меклин руски: Наталья Фёдоровна Меклин украински: Наталія Фёдорiвна Меклин | |
---|---|
Починал | 5 јуни 2005 82) Москва, Русија | (возр.
Држава | СССР |
Род | Советски воздухопловни сили |
Служба | 1941–1957 |
Чин | Мајор |
Единица | 46. Таманска Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк |
Битки/војни | Втора светска војна |
Одликувања | Херој на Советскиот Сојуз |
Друга дејност | автор, преведувач |
Меклин е родена на 8 септември 1922 во Лубни, во тогашна Украинска Советска Социјалистичка Република. Го поминува нејзиното детство и младост во Смила, Карков и Киев. Завршува десет одделенија во Киев во 1940 година.[2]
Во 1940 година се придружува кон училиштето за воздухопловна едрилица на Киевската Млада Киевска Палата, подоцна завршувајќи на Московскиот воздухопловен институт во 1941. Во октомври, аплицира за влез во 588. Ноќен бомбашки полк, основан од Марина Раскова; полкот подоцна е преименуван во 46. Таманска Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк.[3] Во 1942, по завршувањето на военото воздухопловно училиште Енгелс, испратена е на Источниот фронт на Втора светска војна. На 19 години, таа година е распоредена како командант на лет и лета во ноќни бомбашки мисии на Јужниот фронт, Северен Кавказ, 4. Украински и 2. Белоруски фронт со Поликарпов По-2 лесен бомбер.
Кон крајот на војната, Меклин има прелетано 982 ноќни мисии[4] и има фрлени околу 147 тони експлозив над непријателска територија. Додека е поручник, прогласена е за Херој на Советскиот Сојуз[5] на 23 февруари 1945 година. Станува резервен офицер во октомври 1945.[2][6]
Нејзината слика се појавува на насловната страна на списанието Смена, изданието во мај 1943 година,[7] на насловната страна на Комсомолскаја Правда во февруари 1945,[8] како и на многу други воени публикации.[9][10][11]
Наталија завршува две години на Московскиот државен универзитет пред повторно да се приклучи кон војската во 1947 година. Од 1948 до 1957 година, студира на Воениот институт за странски јазици и следствено на тоа работи како преведувач пред пензионирање.[2] Станува член на Унијана на Советски писатели во 1972. За подвизите за време на војната, доделени ѝ се Орден на Ленин, два Ордени на Патриотската војна од прва и втора класа, Орденот на Црвеното знаме и Орденот на Црвената ѕвезда, помеѓу другите медали. Неколку училишта се именувани во нејзина чест во Смоленск, Полтава, Ставропол и во други градови. Именувана е за почесен жител на Гдањск, Полска[12] и заедно со нејзината колешка од бомбашкиот полк, Ирина Ракоболскаја, пишува книга насловена Нас называли ночными ведьмами (Нас нѐ викаа Ноќни вештерки) за искуството на полкот за време на војната.[13] On 5 June 2005, she died in Moscow and was buried in Troyekurovskoye Cemetery.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.