Мршевци
село во Општина Илинден From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Илинден From Wikipedia, the free encyclopedia
Мршевци — село во Општина Илинден, во околината на градот Скопје.
Мршевци | |
Поглед на селото Мршевци | |
Координати 42°2′20″N 21°38′58″E | |
Општина | Илиден |
Население | 547 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 25093 |
Надм. вис. | 330 м |
Мршевци на општинската карта Атарот на Мршевци во рамките на општината | |
Мршевци на Ризницата |
Мршевци се наоѓа во источниот дел на Скопската Котлина на територијата на Општина Илинден, на 27 километри оддалеченост од градот Скопје[2]. Селото е рамничарско и лежи на надморска височина од 330 метри[3] во долниот широк дел на Никуштанската речица[4]. Има исклучителна полјоделска функција. Мршевци се наоѓа во подножјето на возвишението Ајватовски Рид, веднаш зад рафинеријата „ОКТА“. Изгледот на Мршевци се разликува од останатите села, бидејќи во него плански биле доселувани српски колонисти во периодот на српската окупација (Кралство СХС) пред втората светска војна. Селото се состои од четири долги улици во правец север - југ и три пократки кои се протегаат во правец исток - запад[4]. Атарот на селото зафаќа површина од 7,9 км2 на кој доминира обработливото земјиште со 618 ха[3].
Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.
До 1908 година Мршевци било чисто македонско село населено со Македонци и броело 3 куќи од родовите: Крстевци, Серафиновци и Лазеви[4]. Македонците од Мршевци работеле на чифлизите на Нури и Асан-Бег од Скопје, сè до 1908 година кога турската државна власт ги откупила чифлиците, ги раселила Македонците (Крстевци и Серафиновци отишле во Скопје, а Лазеви во Агино Село), а на нивно место населила околу 100 „бошњачки“ муслимански домаќинства[4]. Муслиманите се задржале во Мршевци до крајот на турското владеење во 1912 година, кога се повлекле со турската војска, плашејќи се од одмазда, бидејќи често им напакостувале и ги ограбувале селаните од околните села или патниците кои минувале низ селото одејќи за Скопје или Куманово[5]. Од 1912 до 1921 година, Мршевци било пусто селиште, разрушените куќи станале змијарници, а целиот атар бил обраснат со коров и трња. Во март 1921 година во селото започнале да се доселуваат српски колонисти од јужна Србија, Далмација и Босна, а српската окупаторска власт дури им доделувала (подарила) потетези (Курилово, Рамниште, Два Брата, Голем Рид) со плодно земјиште и пасишта, кој неправедно ги одземала од соседните чисти македонски села Бучинци и Бујковци. Во јуни 1941 година бугарските фашистички окупаторски власти ги иселиле речиси сите српски доселенички семејства, освен 2 семејства кои биле по потекло од Македонија, а на нивно место доселила семејства од околината на Крива Паланка и Куманово[6]. По втората светска војна еден дел од српските колонисти успеал да се врати назад во селото, a во поголем дел почнале да се доселуваат Македонци од североисточна Македонија.
Селското население во најголем дел се занимава со земјоделство и сточарство, особено со одгледување на житни култури, посебно пченица, 'рж и јачмен и тоа на големи посеви. Исто така се одгледуваат и спанаќ, морков, зелка и градинрско производство на зеленчук под пластеник, највеќе пиперки, марули, домати, кромид. Од сточарството најзастапено е краварството. Во помал дел е застапено и лозарството. Поради непосредната близина на рафинеријата за нафта „ОКТА“ еден дел од населението е вработено во неа, а некои од жителите работат и во индустриските хали и погони во економската зона „Бунарџик“ и индустриската зона „Илинден“. Слабата развиеност и опаѓање на сточарството се должи зафаќањето на сите пасишта за одгледување на жита од земјоделскиот комбинат „Скопско Поле“ во шеесеттите години на XX век[7]. Поради послабите услови за поединечно земјоделство и сточарство, во времето на социјализмот, младото население на селото се посветувало повеќе на други стопански занимања, Македонците претежно работеле како градежни работници поради тоа што тоа занимање им било познато уште во крајот од каде што им била старината, додека Србите оделе на изучување занаети во Скопје, по што станувале бравари, возачи итн[7].
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Емир Шахли и било христијанско, каде имало 10 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 30 мажи христијани, со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 66 жители.[8]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мршевци живееле 30 жители, сите Македонци.[9] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мршевци имало 40 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[10]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[11]
Според пописот од 1961 година во селото Мршевци броело 666 жители од кои 388 Македонци, 260 Срби и 18 неопределени, додека во 1994 година, во селото Мршевци живееле 650 жители од кои 385 Македонци, 255 Срби и 10 попишани како други[3].
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 651 жител, од кои 403 Македонци, 242 Срби и 6 останати.[12]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 547 жители, од кои 395 Македонци, 1 Албанец, 1 Влав, 143 Срби, 2 останати и 6 лица без податоци.[13]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[14]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 526 |
1953 | 293 | 1 | — | — | — | 250 | ... | 2 | — | 546 |
1961 | 388 | — | — | ... | ... | 260 | ... | 18 | — | 666 |
1971 | 360 | 2 | — | — | ... | 263 | ... | 17 | — | 642 |
1981 | 401 | — | — | — | — | 244 | ... | 11 | — | 656 |
1991 | 394 | — | — | — | — | 252 | — | 10 | — | 656 |
1994 | 385 | — | — | — | — | 255 | — | 10 | — | 650 |
2002 | 403 | — | — | — | — | 242 | — | 6 | — | 651 |
2021 | 395 | — | — | — | 1 | 143 | — | 2 | 6 | 547 |
Мршевци е македонско-српско село.
Според истражувањата од 1963 година, родови во Мршевци се:
Селска слава на селото Мршевци е Спасовден, што е воедно и патронен празник на селската црква.
Личности родени во Мршевци:
Клубот ФК Мршевци е основан во 1970 година и се натпреварува во четвртата лига.
Иселеници од Мршевци има во околните села Бујковци, Текија, Дељадровци и градовите Скопје и Куманово. Најголем дел од колонизираните Срби од страна на окупаторската власт на Кралство СХС биле протерани и иселени во Србија од страна на бугарската фашистичка окупаторска власт за време на Втората светска војна.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.