From Wikipedia, the free encyclopedia
Мрежното ниво е третото ниво од седумслојниот OSI-модел во компјутерска мрежа. Мрежниот слој е одговорен за испраќање пакети вклучувајќи насочување помеѓу насочувачите, со оглед на тоа дека податочното ниво е одговорно за контролата на пристап, контрола на проток и проверка на грешка.
OSI модел | |
---|---|
7 | Апликациско ниво |
6 | Презентациско ниво |
5 | Ниво на сесија |
4 | Транспортно ниво |
3 | Мрежно ниво |
2 | Ниво на податоци
|
1 | Физичко ниво |
Мрежниот слој обезбедува функционално и процедурално средство за пренесување на променлива должина на податоци редоследно од изворот до крајното одредиште преку една или повеќе мрежи, одржувајќи го квалитетот на сервисните функции.
Функциите на мрежниот слој вклучуваат:
Во рамки на услугата која ја дели сематиката на ОСИ мрежната архитектура, мрежниот слој одговара на барањата за услуги од страна на транспортниот слој и барањата на услуги од податочниот слој.
TCP/IP моделот опишува протоколи кои се користат од Интернет.[1] TCP/IP моделот има слој наречен Интернет слој, кој се наоѓа над слојот за мрежен пристап. Во многу други книги и секундарни наводи, TCP/IP Интернет слојот се изедначува со ОСИ мрежниот слој. Меѓутоа, оваа споредба е погрешна, бидејќи е дозволено одлики на двата модели (на пр. без разлика дали тие се насочени за поврзување или не) местото на овие слоеви е различно во двата модели. TCP/IP Интернет слојот е всушност само подмножество од функционалноста на мрежниот слој. Го опишува само еден вид на мрежна архитектура на Интернет.
Општи, непосредни или строги споредби меѓу овие два модели треба да се избегнуваат бидејќи слоевите во TCP/IP не се главен критериум за дизајн и Internet Engineering Task Force (IETF) сметаат дека се "опасни".[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.