Михајло Ломоносов (сателит)
руски сателит From Wikipedia, the free encyclopedia
Михајло Ломоносов (руски: Михайло Ломоносов, озн. МВЛ-300) — астрономски сателит Московскиот државен универзитет, наречен по научникот Михаил Ломоносов (1711 - 1765).[3]
Макета на сателитот „Михајло Ломоносов“ | |
Вид задача | астрономска |
---|---|
Стопанисувач | МДУ „Ломоносов“ |
COSPAR-ознака | 2016-026A |
SATCAT-бр. | 41464 |
Траење на задачата | предвидено: 3 години[1] |
Особини на леталото | |
Произведувач | ВНИИЕМ |
Маса | 620 кг[1] |
Товар | 170 кг[1] |
Моќност | ~300 W[1] |
Почеток на задачата | |
Датум на лансирање | 28 април 2016, 02:01 ч. UTC |
Ракета | Сојуз-2.1а/Волга |
Место | Восточни, платф. 1С |
Изведувач | Роскосмос |
Орбитални параметри | |
Појдовен систем | околуземска |
Режим | сонцеусогласена |
Голема полуоска | 6.856 км[2] |
Периапсида | 478,2 км[2] |
Апогеј | 492,9 км[2] |
Наклон | 97,3 степени[2] |
Период | 94,2 минути[2] |
Инструменти | |
Список
|
Задача
Сателитот има за задача да набљудува гама-изблици, високоенергетски космички зраци и минливи појави во горната атмосфера на Земјата.[3]
Пуштање
Мисијата била првично предвидена за 2011 г. по повод тристагодишнината од раѓањето на Ломоносов.[4] По неколкукратно одложување, леталото е конечно пуштено на 28 април 2016 г. од космодромот „Восточни“ со ракетата Сојуз 2.1а.[5]
Научни инструменти
Леталото е опремено со седум научни инструменти:[6][7]
- Орбитален пронаоѓач (ТУС) — наменет за мерење на флуоресцентната светлина која ја зрачат широките воздушни опсипувања на ултрависокоенергетски космички зраци во Земјианта амотсфера како и изучување на минливите појави во ултравиолетов опсег;
- Блок за пронаоѓање на рендгенско и гама-зрачење (БДРГ) — наменет за пронаоѓање нагледување на гама-изблици и давање на сигнал за камерите на ШОК (подолу);
- Ултрабрза болскотна опсерваторија (УФФО) — се состои од рендгенски и ултравиолетов телескоп (10 см) за изучување на гама-изблици;
- Оптички камери со супершироко видно поле (ШОК) — пар широковидни оптички камери за забележување на оптичкото зрачење на гама-изблиците по примениот сигнал од БДРГ;
- Дозиметар за електрони, протони и неутрони (ДЕПРОН) — мери впиени дози и спектри на електрони, протони, неутрони и тешки јадра;
- Иследувач на електронска загуба и полиња (ЕЛФИН-Л) — се состои од пронаоѓач на енергетски честички (ЕПДЕ), друг за јони (ЕПДИ) и магнетомер со порта за тек (ФГМ). Има задача да ги изучува енергетските честички во Земјината атмосфера;
- ИМИСС-1 — уред за успробување на микроелектромеханички инерцијални модули;
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.