Мирослав Лајчак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мирослав Лајчак (словачки: Miroslav Lajčák; (Попрад, 20 март 1963 ) – словачки политичар и дипломат.
Мирослав Лајчак Miroslav Lajčák | |
---|---|
![]() | |
Претседател на Генералното собрание на Обединетите нации | |
На должноста 12 септември 2017 – 19 септември 2018 | |
Претходник | Питер Томсон |
Наследник | Марија Фернанда Еспиноса |
9-ти и 11-ти Министер за надворешни работи | |
На должноста 4 април 2012 – 20 март 2020 | |
Премиер | Роберт Фицо Петер Пелегрини |
Претходник | Микулаш Ѕуринда |
Наследник | Иван Корчок |
На должноста 26 јануари 2009 – 8 јули 2010 | |
Премиер | Роберт Фицо |
Претходник | Јан Кубиш |
Наследник | Микулаш Ѕуринда |
Претседател на Организацијата за безбедност и соработка во Европа | |
На должноста 1 јануари 2019 – 1 јануари 2020 | |
Претходник | Енцо Моаверо Миланези |
Наследник | Еди Рама |
6-ти Висок претставник за Босна и Херцеговина | |
На должноста 1 јули 2007 – 28 февруари 2009 | |
Претходник | Кристијан Шварц-Шилинг |
Наследник | Валентин Инцко |
3. Специјален претставник на Европската Унија за Босна и Херцеговина | |
На должноста 1 јули 2007 – 28 февруари 2009 | |
Претходник | Кристијан Шварц-Шилинг |
Наследник | Валентин Инцко |
Лични податоци | |
Роден(а) | 20 март 1963 Попрад, Чехословачка (денес Словачка) |
Партија | Комунистичка партија (1983-1990) Насока – Социјалдемократија (без членство) |
Сопружник | Јармила Харгашова |
Деца | 2 |
Установа | Универзитет Коменски Московски државен институт за меѓународни односи |
Животопис
Дипломирал право на универзитетот Коменски во Братислава. Студирал меѓународни односи на Државниот институт за меѓународно право во Москва. Студирал и на Европскиот центар „Џорџ Маршал“ за студии за безбедност во Гармиш-Партенкирхен во Германија.[1]
Лајчак течно зборува англиски, германски, руски, бугарски, како и српски / хрватски / босански јазик.[2]
Политичка кариера
Бил соработник на чехословачкото Министерство за надворешни работи од 1988 година. Помеѓу 1991 и 1993 година, Лајчак бил амбасадор на Чехословачка и Словачка. Бил словачки амбасадор во Јапонија меѓу 1994 и 1998 година.[2] Помеѓу 1993 и 1994 година, бил шеф на кабинетот на министерот за надворешни работи Јозеф Моравчик. Бил негов шеф на кабинетот и кога Моравчик станал премиер на Словачка.
Од 1999 до 2001 година, бил асистент на Едуарад Кукан, специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за Балканскиот Полуостров. Помеѓу 2001 и 2005 година, Лајчак бил амбасадор во СР Југославија, Албанија и Република Македонија.[2] Во 2006 година бил назначен за пратеник на Европската Унија за спроведување на Референдумот за независност Црна Гора.
Од 30 јуни 2007 бил на функцијата висок претставник за Босна и Херцеговина, каде го заменил Кристијан Шварц-Шилинг. На 16 декември 2007 година бил избран за „Личност на годината“ при изборот на дневниот весник „Независне новине“, а две недели подоцна, на 28 декември, ја добил истата титула во изборот на „Дневни аваз“.[2]
На 26 јануари 2009 година, Лајчак станал министер за надворешни работи на Словачка. На таа позиција останал сè до 9 јули 2010 година. Во декември истата година, европската служба за надворешни работи го назначила за директор за Русија, Истокот и Западен Балкан.
Од 4 април 2012 година во владата на Роберт Фицо ги извршувал функциите заменик премиер и министер за надворешни работи на Словачка Република.
Од 12.09.2017 до 19.09.2018 година, Мирослав Лајчак бил претседател на Генералното собрание на Обединетите нации.
Поврзано
- Франтишек Липка
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.