Еди Рама

Премиер на Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia

Еди Рама

Еди Рама (4 јули 1964 во Тирана) — албански политичар, уметник и писател, кој од 2013 е премиер на Република Албанија. Рама е водач на Социјалистичката партија на Албанија од 2005. Тој бил министер за култура и спорт во владата на премиерот Фатос Нано (1998–2000), а во три последователни мандати бил и градоначалник на Тирана (2000–2011). На парламентарните избори во 2013, неговата партија остварила победа врз Демократска партија на Албанија на премиерот Сали Бериша. Рама е добитник на наградата за светски граддоначалник во 2004 година, а според Тајмс, тој бил еден од најзначајните европски политичари во 2005.

Кратки факти Еди Рама, Премиер на Албанија ...
Еди Рама
Thumb
Премиер на Албанија
На должноста
Стапил
15 септември 2013
Претседател Бујар Нишани
Претходник Сали Бериша
Претседател на Социјалистичка партија
На должноста
Стапил
10 октомври 2005
Претходник Фатос Нано
Градоначалник на Тирана
На должноста
11 октомври 2000  25 јули 2011
Претходник Алберт Бројка
Наследник Љуљзим Баша
Лични податоци
Роден(а) 4 јули 1964(1964-07-04)(60 г.)
Тирана, Албанија
Партија Социјалистичка партија
Сопружник Линда Рама
Деца Грегор Рама и Захо Рама
Установа универзитет за уметност
Потпис Thumb
Затвори

Животопис

Еди Рама е роден во Тирана како син вајарот Кристак Рама и Анета Рама.[1] Еди уште како дете покажувал талент за сликање, а во 1982 година се запишал на факултет за фина уметност.[2] Како млад префесионално се занимавал и со кошарка, настапувајќи за екипата на Динамо Тирана.[3] По падот на комунистичката власт во Албанија, Рама учествувал во демократските движења предводени од Сали Бериша, но поради идеолошки недоразбирања подоцна се разделиле. Во 1994 заминал за Франција каде сакал професионално да работи како сликар. Со школскиот другар Анри Сала учествувал на повеќе ликовни изложби.

Политичка кариера

При една посета на Албанија во 1997, Рама бил физички нападнат. Тој се сомневал дека напаѓачите биле вработени во тајните служби, а го нападнале поради отворената критика кон Бериша, кој тогаш бил претседател на Албанија. За време на погребот на неговиот татко во 1998, Рама добил покана од албанскиот премиер Фатос Нано да биде министер за култура во неговата влада.[4] Рама прифатил, и поради неговиот необичен начин на облекување стекнал симпатии во медиумите и помеѓу младите.

На локалните избори во 2000 се кандидирал за градоначалник на Тирана, каде го победил неговиот противкандидат, писателот Бесник Мустафај. За време на првиот мандат, Рама ги сменил фасадите на многу објекти во градот кои биле во советски стил.[5] За овој чекор во 2004 добил награда за „најдобар светски градоначалник“. Во 2005 станал претседател на опозициската Социјалистичка партија на Албанија по оставката на Нано. Рама го променил имиџот на партијата со вклучување на млади интелектуалци и уметници во партиските редови.[6]

По три последователни градоначалнички мандати, Рама иако првично бил прогласен за победник на локалните избори во 2011, по пребројување на гласовите тесно загубил од противкандидатот Љуљзим Баша.[7] На парламентарните избори во 2013, партијата на Рама остварила победа над Демократска партија на Албанија на премиерот Бериша. Рама победил со програмата насловена „Преродба“ во која имало четири начела, и тоа европска интеграција, економско зајакнување, владеење на правото, и демократизација на институциите.[8] Рама на функцијата премиер на Албанија стапил во септември 2013.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.