Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
„Микромегас“ (француски: Micromégas) — новела на Франсоа Волтер од 1752 година.
Името на жителот на Сириус е оксиморон од два грчки збора: „микрос“ (што значи: мал) и „мегас“ (што значи: голем). Во првата глава, Волтер наведува дека Микромегас уште во детството решил над 50 Евклидови поставки, надминувајќи го Блез Паскал кој во детството решил 32 вакви поставки, а за кого Волтер пишува дека „подоцна станал математичар со просечна вредност и многу лош метафизичар.“ Исто така, во оваа глава се споменува дека, поради својата книга, Микромегас добил забрана за пристап до кралскиот двор во траење од 850 години, што е алузија на Волтеровото прогонување од страна на бискупот Боаје затоа што Волтер во своите „Филозофски писма“ напишал дека способностите на нашата душа се развиваат истовремено со нашите органи и на истиот начин како и душевните способности на животните. Во истата глава, Волтер пишува за „образованието на срецето и на духот“, што е алузија на изразот кој го користел педагогот Шарл Ролен (1661-1741) во неговото дело „За учењето“. Најпосле, во оваа глава, Волтер го исмејува и англискиот свештеник и научник Вилијам Дерхам (1657-1735), кој во „Астрономската теологија“ и во уште неколку дела настојувал да го докаже постоењето на бога преку поедничените природни величенствени нешта. Патувањето на четворицата филозофи кои се споменуваат во четвртата глава има вистинита историска подлога: во 1737 година, четворица научници (Моперти, Клеро, Камис и Ле Монје) презеле експедиција во Лапонија заради мерење на меридијанот. На почетокот од втората глава, Волтер го подражува накитениот стил на пишување на долгогодишниот секретар на Француската академија, Бернар Ле Бовје де Фонтнел (1657-1757), кој е делумно прикажан во ликот на секретарот на академијата на Сатурн. Во шестата глава, Волтер ги споменува Џонатан Свифт („Микромегас“ е еден вид Волтерова реплика на „Гуливеровите патувања“), како и Вергилиј, кој во четвртата книга на „Георгики“ вели дека медот паѓа од небото. Во последната глава, за време на разговорот меѓу четворицата филозофи и вселенските патници, филозофите ги опишуваат бесмислените крвави војни во кои „сто илјади лудаци од нашиот род со капи на главите кои убиваат сто илјади други животни со турбани околу главата“ а сето тоа поради „едно купче кал“, што е алузија на Кримската војна и на војната меѓу Турција и Австрија во која австриската царица Ана навистина изгубила сто илјади војници без да оствари никакви територијални придобивки (Австрија ѝ ја вратила Србија на Отоманската империја). Инаку, во расправата меѓу филозофите учествуваат еден картезијанец (во „Филозофските писма“ Волтер го напаѓа Декартовото учење), еден следбеник на францускиот свештеник и филозоф Малбранш (чии теолошко-метафизички заклучоци ги напаѓа Волтер), еден приврзаник на Лајбниц (чие учење, исто така, го исмејува), една „животинка во четвртаста капа“ (доктор на Сорбона) и еден мал приврзаник на Џон Лок (еден од омилените филзоофи на Волтер).[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.