италијански велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Матија Гаваци (италијански: Mattia Gavazzi; р. 14 јуни 1983 ) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Аморе & Вита. Во април 2010, Гаваци бил суспендиран од Меѓународниот велосипедистички сојуз откако се покажал позитивен на тестирање за кокаин. Неговото враќање било на Тур де Сан Луис во 2013.[1] Се истакнува како спринтер.
Гаваци на Милано-Санремо 2010 | |
Лични податоци | |
---|---|
Цело име | Матија Гаваци |
Роден | 14 јуни 1983 Изео, Италија |
Податоци за клубот | |
Мом. клуб | Аморе & Вита |
Дисциплина | друмски велосипедизам |
Улога | возач |
Вид на возач | спринтер |
Професионални клубови | |
2006 2006 2007 2008 2009 2010 2013 2014 - јуни 2014 јуни 2014- | Тим ЛРП Аморе е Вита Кио Ене-Тонаци-ДМТ Прети Мангми Диквиџовани-Андрони Колнаго-ЦСФ Инокс Андрони Џокатоли-Венецуела Кристина Вочес-Дана Аморе & Вита-Селе СМП |
Последна промена 23 октомври 2014 |
Таткото на Матија Гаваци, Пјерино Гаваци бил исто така професионален возач.
Освоил етапа на Џиробио 2004, издание на Џиро д’Италија наменето за млади аматерски возачи. Станал професионалец во 2006 за екипата ЛПР, но се приклучил кон екипата Аморе е Вита на средина на сезоната. По неговите добри резултати потпишал за Кио Ене следната година. Со нив постигнал шест победи во 2007, вклучувајќи три на Тур де Норманди, покажувајќи го својот талент како спринтер.
Во 2008 останал со истата екипа, кој сега била позната како Прети Мангми. Во февруари го освоил второто место на етапа на Тур де ла Гросето, зад Данило Наполитано и пред Филипо Поцато. Следниот месец повторно бил втор на Копи е Бартали, каде бил победен од Франческо Кики. Во април освоил етапа на Сетимана Сиклиста Ломбарда, а во мај Џиро ди Тоскана, победувајќи го Кики.
Во 2009 потпишал за Сераменти ПВЦ Диквиџовани-Андрони Џокатоли. Освоил етапа на Тур де Сан Луис и доминирал на Тур де Лагкави, освојувајќи четири етапи и бодовниот пласман.
Во 2010 се префрлил во Колнаго-ЦСФ Инокс и ја забележал првата победа во годината на етапа на Сетимана Сиклиста Ломбарда во почетокот на април. Меѓутоа, примерокот на урина земен два дена претходно бил позитивен на присуство на кокаин и поради тоа добил суспензија. Претходно во 2004 како аматер веќе добил 14-месечна суспензија поради позитивен тест на кокаин.[2]
Гаваци се вратил на Тур де Сан Луис 2013, каде победил на последната етапа кога го победил Словакот Петер Саган (Канондејл).[3] Во април победил на Џиро ди Тоскана, ридеста трка каде ги победил Иван Ровни и Тејлор Фини во спринт.[4] На крајот на сезоната 2013, Гаваци го раскинал договорот со Андрони Џокатоли-Венецуела.[5] Менаџерот на Андрони Џани Савио тврдел дека раскинувањето на договорот со Гаваци бил поради неговото барање за загарантирано место на Џиро д’Италија 2014. Гаваци потпишал со екипата Кристина Вочес-Дана за сезоната 2014.[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.