Меза
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Меза или Мас (француски: Meuse, холандски: Maas, валонски: Mouze) — важна европска река што извира во Франција и тече низ Белгија и Холандија, па истекува во Северното Море. Има вкупна должина од 925 км и истек од 350 [[м3/с]].[1]
Меза | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Холандс Дип 51°42′54″N 4°40′4″E |
Должина | 925 |
Особености на сливот |
Од 1301 г. горното течение на Меза приближно ја отцртувала границата на Светото Римско Царство со Кралството Франција, откако барскиот војвода Анри III морал да го прими западниот дел на Грофовијата Бар како француско лено од рацете на кралот Филип IV. Границата ја одржала стабилноста сè до 1552, кога кралот Анри II ја припоил областа Три Епископии (Мец, Тул и Верден) и на друг наврат, кога војската на кралот Луј XIII го запоседнала војводството Лорена во 1633. Долниот белгиски (валонски) дел од т.н. „индустриска котлина“ е првата наполно индустријализирана област во континентална Европа.[2]
Меза извира во месноста Пуји ан Басињи, општина Ле Шатле на Меза на висорамнината Лангр во Франција, па продолжува на север низ Седан и Шарлевил Мезјер во Белгија.[3]
Кај градот Намир, во неа се влева реката Самбра. Потоа се извива накај исток, покрај Ардените и низ Лиеж, па врти на север. Во ова подрачје, реката сочинува дел од белгиско-холандската граница, освен кај Мастрихт, кајшто границата е позападно. Во Холандија продолжува на север низ Фенло долж границата со Германија, па свртува на запад, каде тече напоредно со реката Вал и влегува во состав на пространа делта заедно со Шелда во јужниот Рајна во северниот дел. Близу Хезден реката е раздвоена на Афгедамде Мас на десно и Бергсе Мас на лево. Бергсе Мас продолжува под името Амер, како дел од Бисбос. Афгедамде Мас се влева во реката Вал кај Ваудрихем, и продолжува под името Бовен Мерведе до Хардинксвелд-Гисендам, каде се раздвојува на Ниве Мерведе и Бенден Мерведе. Недалеку од Лаге Звалуве, Ниве Мерведе се спојува со Амер, образувајќи го Холандс Дип, кој пак се раздвојува во Гревелинген и Харингвлит, за на крај да се влее во Северното Море.
Ова е список на главните притоки на Меза, подредени од долното кон горното течение:
Реката Меза тече низ следниве департмани, покраини и населени места во Франција, Белигја и Холандија:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.