Манастирско Доленци
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
Манастирско Доленци — село во областа Копачка, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.
Манастирско Доленци | |
Поглед на селото | |
Координати 41°28′20″N 20°56′43″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Кичево |
Област | Копачка |
Население | 40 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 6261 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 12045 |
Надм. вис. | 700 м |
Слава | Свети Никола Летен |
Манастирско Доленци на општинската карта Атарот на Манастирско Доленци во рамките на општината | |
Манастирско Доленци на Ризницата |
Името „Манастирско“ доаѓа од близината на Кичевскиот манастир.
Ова село се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, југозападно од самиот град Кичево, во горното сливно подрачје на реката Треска.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри, оддалечено од градот Кичево на 12 километри.[2]
Куќите на ова село се наоѓаат во една сува долина и на нејзините благи падини. Долината се наоѓа во ридскиот јужен дел на Кичевската Котлина. Околни села се: Србјани на север, Карбуница на исток и Пополжани на запад.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Белејци, Ракида, Жив-огон, Јастребец, Сртоец, Долишта, Горна Црква, Бариште, Гола Краста, Павли Дол, Ралица, Врвои и други.[3]
Селото има збиен тип. Се разликуваат Горно, Средно и Долно маало. Во маалата, роднинските куќи се поблизу една со друга.[3]
Месноста Горна Црква се наоѓа крај селските гробишта, на патот кон блискиот Кичевски манастир. Таму има остатоци од некоја помала стара црква. Постарите мештани мислат дека таа црква била „латинска“.[3]
Во втората половина XV век во Кичевската Котлина имало три села именувани Доленци (денешните Манастирско, Бигор и Јагол Доленци), но тешко може да се одреди колкав број на куќи имале сите тие.[3]
Преданието кажува дека селото подоцна било напуштено. Денешното село не е толку старо. Било обновено од доселеници на почетокот на XIX век. Доселениците биле по потекло од соседното село Крнино, кое денес е напуштено. Покрај нив, во селото се доселиле и луѓе од околината на Скадар и Јанина.[3]
Селаните наведуваат дека до првата половина на XIX век, југозападно од нивното село постоело малото македонско село Крнино. Тоа се наоѓало 300 метри пониско од денешниот Кичевски манастир. Меѓутоа, во тој период, селото било раселено, а родот Блажески преминал во селото Манастирско Доленци.[3]
На земјиштето на манастирот бил изграден Кичевскиот манастир. Поради оваа причина, манастирот долго време бил познат под името Крнински манастир.[3]
Атарот зафаќа простор од 11,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 963 хектари, на пасиштата отпаѓаат 108 хектари, а на обработливото земјиште само 38 хектари.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото имало 21 домаќинство со 94 жители христијани (Македонци).[4]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Манастирско Доленци имало 320 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Манастирско Доленци имало 320 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Србен Доленци (Манастирски) се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[7]
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Манастирско Доленци:[8]
Домаќинства | Гурбетчии | Писмени | Неписмени | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
мажи | жени | вкупно | мажи | жени | вкупно | ||
35 | 43 | 66 | 7 | 73 | 37 | 82 | 119 |
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[9]
Селото е мало со намалување на бројот на населението. Така, тоа во 1961 година имало 210 жители, а во 1994 година 126 жители, од кои 124 биле Македонци и 2 Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Манастирско Доленци живееле 109 жители, од кои 108 Македонци и 1 Србин.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 40 жители, од кои 24 Македонци и 16 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 320 | 320 | 234 | 243 | 210 | 188 | 175 | 126 | 126 | 109 | 40 |
Во селото Манастирско Доленци живеат само Македонци христијани. Во селото има само еден староседелски род доселен од раселеното село Крнино, остатокот од родовите се доселени, еден дел со познато место на старина, а другиот дел со непознато место на старина.[3]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[16]
Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото било дел од некогашната Општина Другово.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Другово, во која покрај селото Манастирско Доленци, се наоѓале и селата Горно Добреноец, Долно Добреноец, Другово, Јаворец, Лавчани, Подвис, Пополжани и Србјани. Општината Другово постоела и во периодот 1950-1952, кога во нејзе биле вклучени селата: Другово, Манастирско Доленци, Пополжани и Србјани.
Во селото постои избирачкото место бр. 0774 според Државната изборна комисија, сместено во селскиот дом.[17]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 84 гласачи.[18] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 91 гласач.[19]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 85 гласачи.[20]
Во 2024 година, на редовните претседателски избори и на парламентарните избори, на избирачкото место број 0774 во ова село имало запишани 72 гласачи.[21]
Во селото традиционално се прославува:
Едно домаќинство (Поповци) се иселило во кичевското сели Белица. По Втората светска војна четири домаќинства заминале за Кичево.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.