Remove ads
село во Општина Гостивар From Wikipedia, the free encyclopedia
Мало Турчане (во минатото: Долно Турчане) — село во Општина Гостивар, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар.
Мало Турчане | |
Воздушен поглед на селото Мало Турчане | |
Координати 41°47′12″N 20°56′8″E | |
Регион | Полошки |
Општина | Гостивар |
Област | Горен Полог |
Население | 96 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1230 |
Повик. бр. | 042 |
Шифра на КО | 07052 |
Надм. вис. | 600 м |
Мало Турчане на општинската карта Атарот на Мало Турчане во рамките на општината | |
Мало Турчане на Ризницата |
За време на отоманскиот период, селото за да се разликува од тогашното име на Беловиште (Турчане), го добило името Мало или Долно Турчане.[2]
Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Гостивар, недалеку од градот Гостивар во јужна насока, поради што припаѓа на неговата рурбална зона.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 600 метри.[3]
Се работи за мало село, сместено на подножјето на Сува Гора. Селото се наоѓа помеѓу Балин Дол и Беловиште (порано Големо Турчане). Водата за пиење до 1947 година се добивала од три бунари и од две чешми (Горна и Долна Чешма).[2]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Завртељ, Ваталок, Грудајца, Колчак, Слог, Дондорит, Копач, Корија Силјанит (Силјанова Шума), Орло Вод (Орлова Вода) и Крс.[2]
Мало Турчане има три маала, секое именувано по родот во нејзе.[2]
Мало Турчане кон крајот на XVIII век станало чифлиг на Асан-ага од Гостивар, кој бил истакнат воен старешина. Поради заслуги, државата му ги доделила земјиштата на Мало Турчане и на Чајле. За да се разликува од Големо Турчане (денес Беловиште), селото го добило името Мало или Долно Турчане.[2]
За време на Асан-ага, селото било населено само со православно македонско население, кое го обработувало земјиштето на агата. На возвишението Крст, јужно од селото, селаните имале црква, каде до 1940-тите години се наоѓал стар даб. Православните македонски мештани подоцна се иселиле од селото и на нивно место дошле муслимански Албанци.[2]
Според мештаните на соседните села Балин Дол и Беловиште, до втората половина на XIX век во селото имало седум православни македонски куќи. Едни од нив биле Петканини, кои преминале на ислам и останале во селото (едно семејство од нив изумрело, а две се преселиле во Турција во 1940 година). Родот Чуљчевци во Балин Дол имал кумови од Мало Турчане, додека македонскиот род Љумњани во Волковија, кои сега се изумрени, се преселиле од Мало Турчане.[2]
Чифлигот во селото почнале да го продаваат наследниците на агата на доселените албански родови Матњан и Река, со што селото станало албанско.[2]
Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 1,4 км2, при што обработливото земјиште зазема површина од 55 хектари, но селото нема некое видно значење во областа на земјоделството.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мало Турчане живееле 115 жители, сите Албанци муслимани.[4]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Мало Турчане било село во Големотурчанската општина во Горнополошкиот срез и имало 42 куќи со 198 жители Албанци и Македонци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.[6]
Селото е средно по големина, но со пораст на своето население. Така, во 1961 година броело 308 жители, во 1994 година двојно се зголемило на 602 жители, од кои 597 биле Албанци, а пет жители Македонци.[3]
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Мало Турчане, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[б 1]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 1.013 жители, од кои 1 Македонец, 1.005 Албанци и 7 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 96 жители, од кои 85 Албанци и 11 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 115 | — | 244 | 271 | 307 | 414 | 530 | 13 | 602 | 1.013 | 96 |
Мало Турчане е албанско село. Целото население е доселено.[2]
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото: Матњан (14 к.), родот е доселен од областа Матија, по која го добиле и своето име, го знаат следниов родослов Веап (жив на 51 година во 1947 година)-Ќерим-Зибер-Сали-Вели, еден од нивните први предци; Река (15 к.), доселени се од областа Горна Река, по која го добиле и своето име, подалечно потекло од северна Албанија. П. Јовановиќ слушал дека живееле во горнореканското село Трница. Во селото дошле на средината на XIX век. Го знаат следниов родослов Шефки (жив на 58 години во 1947 година)-Изет-Али-Хусеин, еден од предците што се доселил и Дибран (6 к.), доселени се од околината на Пешкопеја (Долен Дебар), кон крајот на XIX век.
Од родот Матњан три семејства се иселиле во Гостивар и едно во Турција и од родот Река, три семејства се преселиле во Гостивар.[2]
Кон крајот на XIX век, Мало Турчане било село во Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во рамките на Општина Гостивар, која била значително проширена со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната помала Општина Гостивар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар.
Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во рамките на Општина Чајле, во која покрај Мало Турчане се наоѓале Балин Дол, Корито и Чајле. Во периодот 1950-1952 година, селото се наоѓало во тогашната општина Чајле во која влегувале селата Балин Дол, Мало Турчане и Чајле.
Во селото постојат избирачките места бр. 0431 и 0432 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 679 гласачи.[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.