Македонска академија на науките и уметностите

национална академија на науките и уметностите на Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Македонска академија на науките и уметноститеmap

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) — национална научно-творечка установа основана на 23 февруари 1967 г. За нејзин прв претседател бил избран Блаже Конески, а тековен претседател е Љупчо Коцарев.[2]

Кратки факти Кратенка, Основана ...
Македонска академија на науките и уметностите
Thumb
Thumb
Зградата на академијата во Скопје
КратенкаМАНУ
Основана23 февруари 1967
ЦелДа го следи и поттикнува развојот на науките и уметностите[1]
СедиштеСкопје, Македонија
Координати41°59′47″N 21°26′30″E
Членство37 академици, придружни, почесни и дописни членови
Службени јазицимакедонски
ПретседателЖивко Попов
СекретарБлажо Боев
ПотпретседателАлајдин Абази
ПрипадностALLEA, UAI, IAP, ICSU
Мреж. местоmanu.edu.mk
Затвори

Членство

Членовите на МАНУ се избираат на секои три години на централното собрание на Академијата и од формирањето досега МАНУ имала 154 членови од кои сега 35 се со статус на членови од работниот состав, а 60 се со статус на членови надвор од работниот состав.

Научни одделенија

Во рамките на МАНУ функционираат шест одделенија:

  • Одделение за лингвистика и литературна наука
  • Одделение за општествени науки
  • Одделение за медицински науки
  • Одделение за технички
  • Одделение за природно-математички и биотехнички науки
  • Одделение за уметност

Истражувачки центри

Македонската Академија има и осум истражувачки центри:

  • Центар за енергетика и одржлив развој
  • Центар за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Д. Ефремов“
  • Лексикографски центар
  • Центар за стратегиски истражувања
  • Истражувачки центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“
  • Истражувачки центар за културно наследство
  • Истражувачки центар за компјутерски науки и информатички технологии
  • Истражувачки центар за животна средина и материјали

Претседатели на МАНУ

Меѓународна соработка

Македонската академија на науките и уметностите има воспоставено соработка со поголем број академии во светот: Австриската академија на науките, Академијата за општествени науки на Австралија, Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина, Академијата на науките и уметностите на Република Српска, Албанската академија на науките, Британската академија, Бугарската академија на науките, Друштвото на науките од Берлин „Лајбниц”, Естонската академија на науките, Европската академија на науките и уметностите, Италијанскиот национален научноистражувачки совет, Кинеската академија за општествени науки, Косовската академија на науките и уметностите, Кралската шведска академија за литература, историја и старини, Кралската фламанска академија на науките и уметностите, Кралското научно друштво од Лондон, Националната академијата на науките на Белорусија, Националната академија на науките на Украина, Унгарската академија на науките, Полската академија на науките, Полската академија на науките и уметностите, Романската академија, Руската академија на науките, Словачката академија на науките, Словенечката академија на науките и уметностите, Српската академија на науките и уметностите, Турската академија на науките, Унгарската академија на науките, Хрватската академија на науките и уметностите, Црногорската академија на науките и уметностите и Чешката академијата на науките.

Склучените договори за меѓуакадемиска научна соработка содржат соработка на заеднички истражувачки проекти, учество на научни собири и уметнички приредби, студиски престои, размена на научни искуства, публикации и други информации.

Македонската академија на науките и уметностите е редовен член на Асоцијацијата на европските академии (ALLEA), Меѓународната унија на академии (UAI), Средоземната академија, Меѓуакадемиско партнерство (IAP), Меѓуакадемискиот совет за наука (ICSU), Меѓуакадемискиот совет за Југоисточна Европа и Конференцијата на академии од дунавскиот регион.

Освен со академиите со кои е воспоставена договорна научна соработка, Македонската академија на науките и уметностите комуницира и разменува мислења и искуства по разни прашања од заеднички интерес и со други странски академии и меѓународни научни организации.[3]

Контроверзи

Покрај големиот број публикации, манифестации и соработки со странство, од МАНУ произлегоа неколку контроверзни проекти, како што се: „МАНУ за платформата за решавање на албанското национално прашање“, „За конструкцијата ‚Размена на територии‘“ и „Македонската енциклопедија“ во два тома.[4] Исто така, за работата на МАНУ се реагираше дека „МАНУ да се ослободи од политички канџи“,[5] немањето став за повеќе прашања од општествен, културен и политички карактер,[6][7] непримањето на помлади членови[5] и менувањето на ставот на претседателот на Академијата во однос на македонското име и идентитет, со изјавата дека договорот со Грција не е добар но дека е нужно зло“.[8][9]

Публикации и изданија

МАНУ досега има издадено околу 1.690 научни трудови од сите сфери на науката и уметностите. Изданијата опфаќаат поголем број на стручни монографии, зборници на трудови, научно-истражувачки проекти и студии, збирки, каталози и уметничка книжевност на македонски и англиски јазик. Каталагот на изданијата на МАНУ ги опфаќа следниве позначајни наслови:

  • Макропроект „Историја на културата во Македонија“ (1995 - 2012), 25 книги: Цивилизациите, Религиите и религиските аспекти во материјалната и духовната култура, Народното творештво, Музиката, Архитектурата, Историја на идеите, Археолошки откритија, Театарот, Фотографијата, Ликовната уметност, Јазиците, Градителството на почвата на Македонија.
  • Проект „Економска стратегија на Р Македонија“: Национална стратегија за економскиот развој на Република Македонија: развој и модернизација (1997); Стратегија за извоз на Република Македонија: истражувачки проект (1999); Стратегија за развој на земјоделството во Република Македонија до 2005 година (2001)
  • Ѓорѓија Пулевски, Славјанско-маќедонска општа историја (2003). Издание на оригиналниот текст во ракопис на Ѓорѓија Пулевски од 1892 година на 1061 страница, во подготовка на акад. Блаже Ристовски и Билјана Ристовска - Јосифовска
  • 100 години Илинден (1903-2003). II тома. (2005)
  • Димче Коцо. Археолошка карта на Република Македонија. III томови. (1994-2002)
  • Ѓорѓи Филиповски, Почвите на Република Македонија. VI томови. (1995-2004)
  • Кирил Мицевски, Владо Матевски. Флора на Република Македонија. II тома. (1985 - 2010)
  • Монетите и монетоковниците во Македонија (2001)
  • Интересите на Република Македонија за членство во НАТО (2007)
  • Цветан Грозданов, Живописот на Охридската архиепископија, студии (2007)
  • Цветан Грозданов, Живописот во Македонија: XVIII-XIX, студии (2011)
  • Славко Јаневски, И петто годишно време (2001)
  • Славко Јаневски, Измислена тврдина (2002)
  • Славко Јаневски, Книжевно наследство, Том 1: Галерија Универзум (2005)
  • Славко Јаневски, Книжевно наследство, Том 2: Разговори со Јаневски (2007)[10]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.