From Wikipedia, the free encyclopedia
Двејн Мајкл Картер Јуниор (Dwayne Michael Carter, Jr.) ( роден на 27 септември 1982 година ), попознат под неговото сценско име Лил Вејн (Lil Wayne), е американски рапер. На возраст од девет години, Лил Вејн се приклучил на музичката куќа „Cash Money Рекордс“ како најмлад член и половина од дуото, Б.Г’з, со БГ (The B.G.'z, with B.G). Во 1997 година, Лил Вејн станува член на групата Hot Boys, во која исто така биле вклучени и раперите Џувенајл (Juvenile), Б.Г (B.G) и Турк (Turk). Таа година Hot Boys дебатираа со Get it how you live. Лил Вејн, најголемиот успех со групата го постигна со нај продаваниот албум „Guerrilla Warfare“ („Герилска војна“), објавен во 1999 година. Исто така, во 1999 година, Лил Вејн го објавува својот платинест деби-албум Tha block is hot, продавајќи над еден милион примероци во САД.
Лил Вејн | |
---|---|
Лил Вејн во 2006 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Двејн Мајкл Картер Јуниор |
Роден(а) | 27 септември 1982 Њу Орлеанс, Луизијана, Соединети Американски Држави |
Жанрови | Хип-хоп |
Занимања | рапер, CEO |
Инструменти | Пеење, Гитара[1] |
Период на активност | 1992–present |
Издавачи | Young Money, Cash Money, Universal Motown |
Соработници | Big Tymers, Birdman, Drake, Cash Money Millionaires, Hot Boys, Juelz Santana, Kevin Rudolf, T-Pain, Young Money, Eminem |
Мреж. место | lilwayne-online.com |
Иако неговите следни два албума Lights Out (2000) и 500 Degreez (2002) не беа толку успешни (достигнаа само златен статус), Лил Вејн постигна поголема популарност во 2004 година со албумот Тha Carter, во кој беше вклучен и синглот „Go DJ“. Вејн, исто така, таа година се појави во топ десет со синглот на Destiny“s Child, „Soldier“ („Војник“). Во 2005 година, беше објавено продолжението на Tha Carter, Tha Carter II. Во 2006 и 2007 година, Лил Вејн објави неколку микс-изданија и се појави во неколку популарни рап и Рн’Б синглови.
Неговиот најуспешен албум, Tha Carter III, беше издаден во 2008 година и се продаде во повеќе од еден милион примероци во САД во првата недела од пуштањето во продажба. Во него е вклучен синглот број еден „Lollipop“ („Шеќерче“) и ја освои наградата Греми за најдобар рап албум. Во 2010 година, Лил Вејн го издаде својот рок деби-албум „Rebirth“ („Преродба“), за кој наиде на негативни критики од страна на критичарите. Албумот на крајот доби злато. Во март 2010 година, Лил Вејн почна со отслужување на 8-месечната затворска казна во Њујорк, откако беше осуден за кривично дело, поседување на огнено оружје употребено во инцидент во јули 2007 година. Во септември 2010, додека беше во затвор, тој издаде уште еден албум насловен „I am not human being“ („Јас не сум човечко суштество“), соработувајќи со уметници од Young Money како што се Дрејк(Drake), Ники Минаж(Nicki Minaj) и Лил Твист(Lil Twist).
Лил Вејн е роден како Двејн Мајкл Картер Јуниор (Dwayne Michаеl Carter,Jr) и израснал во Холигров, предградие во Њу Орлеанс, Луизијана.[1] Картер е роден кога неговата мајка, готвачка, имала 19 години. Неговите родители се развеле кога имал 2 години и неговиот татко засекогаш го напуштил семејството. Картер се запишува во програмата за надарени деца при основното училиште “Лафајет” и во драмскиот клуб во средното училиште „Еленор Мекејн“.[2]
Тој ја напишал својата прва рап песна на возраст од осум години.[3] Во летото 1991 година, го запознава Брајан Вилијамс (Bryan Williams), рапер и сопственик на издавачката куќа „Cash Money Рекордс“. Картер снимил рап во слободен стил на телефонската секретарка на Вилијамс и го навел да му биде ментор на Картер и да го вклучи во дистрибуцијата на песни во „Cash Money“. Тој исто така го снимал својот прв заеднички албум, „True Story“ („Вистинска приказна“), со раперот Б.Г. Во тоа време Картер имал 11, а Б.Г 14 години, и се нарекле „БГ ‘з“.[4] Кога тој имал 12 години, играл во претставата „Tin Man“ („Човекот Тин“) во драмскиот клуб во средното училиште во производство на неговите The Wiz.[5] На возраст од 13 години, случајно се застрелал со пиштол калибар 44 мм, но куршумот го промашил неговото срце за 2 инчи.[2] Во училиштето McMain magnet School, Картер бил почесен студент, но на возраст од 14 години го напуштил училиштето за да се посвети на музичката кариера.[6]
Во 1997 година, Картер се приклучува кон Hot Boys заедно со раперите Џувенајл, Б.Г и Турк. Со 15 години, Картер беше најмладиот член во тоа време. Дебитанскиот албум на групата Hot Boys, „Get it how you live“ („Како во живо“) беше објавен истата година, по што во 1999 година следеше главното деби со албумот „Guerrilla Warfare“ („Герилска војна“) кој достигна број 1 на списокот на списанието Билборд Top R&B/Hip-Hop Albums и број 5 на Билборд 200.[7] Во текот на својата кариера, Hot Boys имаат два рангирани сингла на топ листите „We on fire“ од „Get it how you live“ и „I need a hot girl“ од „Guerrilla Wаrfare“.[8] Картер, исто така, се појавува во синглот на Џувенајл „Back That Azz Up“ кој се искачи до 18-то место на Billboard Hot 100 (Билбордoвата листа топ 100) и место број 5 на Hot R&B/Hip-Hop Singles & Tracks (топ РнБ/Хип-хоп синглови).[8] Let ‘Em Burn е компилација од неиздадени песни кои се снимени во текот на 1999 и 2000 година, излезе во 2003 година, неколку години откако групата се распушти.[9] Го достигна местото број 3 на Top R&B / Хип-хоп албуми и место број 14 на Билборд листата топ 200.[7]
Картер дебитантскиот соло албум „The Block Is Hot“ го издаде на возраст од 17 години, во кој имаше значаен придонес од Hot Boys и беше заверен со 2х платина, искачувајќи се на местото број 3 на Билборд албум топ–листата.[1] Албумот му ја донесе номинацијата од страна на списанието „Source“ („Извор“) за „Најдобар нов изведувач“ за 1999 година[10] и исто така стана Топ Десет хит.[1] Започнал со синглот „Tha Block Is Hot“. По издавањето на „Tha Block Is Hot“, Картер се појави со синглот „Bling, Bling“ заедно со Б.Г., Џувенајл и Биг Тајмерс.
Неговиот следен албум издаден во 2000 година „Lights Out“, не го постигна истиот успех како неговиот дебитантски албум[1], но се здоби со златен сертификат од страна на РИАА.[11] Критичарите укажаа на недостаток од кохерентни приказни во неговите стихови, како доказ дека тој допрва треба да созрева за да го достигне нивото на своите колеги од Hot Boys.[12] Водечкиот сингл беше „Get Off The Corner“, во кој беше забележано подобрување во лирската содржина и стилот на песната, која доби и спот. Вториот сингл кој доби помалку внимание беше „Shine“(Сјај) заедно со Hot Boys. Наскоро по објавувањето на „Lights Out“, Лил Вејн се појавува со синглот “1#Stunna” заедно со Биг Тајмерс и Џувенајл искачувајќи се на 24-то место на Хот Рап синглови топ-листата.
Во 2001 година Лил Вејн бил застрелан во градите, во Флорида, откако непознати напаѓачи испукале два куршума низ прозорецот на неговиот автобус за турнеи. Тој се потсетува на инцидентот во едно интервју, во 2008 година: „Куршумот не влезе, затоа што прозорецот го забави.“[2]
Третиот албум на Лил Вејн „500 Degreez“ беше објавен во 2002 година, следејќи го форматот на претходните два, со значителни придонеси од Hot Boys и Mannie Fresh. Иако се здоби со златен сертификат,[11] како и претходниот, не успеа да го постигне успехот на неговиот деби – албум.[1] Насловот беше во знак на неодамнешното одвојување на членот од Hot Boys, Џувенајл и неговиот албум „400 Degreez“.[13] Водечкиот сингл беше „Way of Life“ кој исто како и албумот, не го постигна успехот на неговите претходни синглови. По издавањето на „500 Degreez“, тој се појави во синглот „Neva Get Enuf“ од 3LW.[14]
Летото 2004 година, албумот на Вејн „Tha Carter“ беше пуштен во продажба, одбележувајќи го она што критичарите го сметаат за напредок во неговиот стил на рапување и лирски теми.[15] Со „Tha Carter“ Вејн добил големо признание, продавајќи над еден милион примероци во САД, а песната „Go DJ“ стана Топ 5 хит.[16] По издавањето на „Tha Carter“, Лил Вејн се појавува во синглот „Soldier“ на Destiny's Child's, заедно со T.I, искачувајќи се на 3-то место на американскиот Хот 100 и американската R&B топ-листа.[17] Песната „Get Something“ (заедно со Mannie Fresh) требало да се појави на албумот, но не успеал да направи пресек, но сепак музичкиот спот бил објавен.[18]
„Tha Carter II“, следбеникот на оригиналниот албум „Tha Carter“, бил издаден во декември 2005 година, овој пат без продукцијата на долгогодишниот продуцент на Cash Money Records, Мени Фреш кој ја беше напуштил музичката куќа. „Tha Carter II“ се продаде во повеќе од 238 000 примероци во првата недела од објавувањето, дебатирајќи на 2-то место на Билборд 200 топ-листата и продаде 2 000 000 примероци ширум светот. Водечкиот сингл „Fireman” („Пожарникар“) стана хит во САД, достигнувајќи го 32-то место на Билборд Хот 100 топ-листата. Други синглови на албумот се: „Grown Man“, „Hustler Muzik“ и „Shooter“ (заедно со R&B пејачот Robin Thicke). Лил Вејн, исто така, се појави во ремиксот на Боби Валентино „Tell me“ кој се искачи на 13-то место на американската Рн’Б топ-листа.
Во 2005 година, Лил Вејн беше именуван за претседател на Cash Money и истата година тој ја основа Young Money Entertaiment, како печат на Cash Money.[19] Сепак, кон крајот на 2007 година, Лил Вејн објави дека тој се повлекува од раководството на двете куќи и дека управувањето на Young Money го предава на Кортес Брајант.[20]
Во 2006 година, Лил Вејн соработувал со раперот Бирдман на албумот „Like father, Like son“, чиј прв сингл „Stuntin’ Like My Daddy“, се искачи на 21-то место на Билборд Хот 100-топ листата. Наместо да издаде следен соло-албум, Лил Вејн ја придоби својата публика преку многуте миксови и настапи во гости со разновидност на поп и хип-хоп синглови.[1] Од многуте негови миксови, „Dedication 2“ и „Da Drought 3“ добија најголема медиумска експонираност и осврт. „Dediction 2“, објавен во 2006 година, како дует на Лил Вејн со Диџеј Драма, ја содржи реномираната социјално свесна песна „Georgia Bush“, во која Лил Вејн го критикува поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш, како реакција на последиците од ураганот Катрина во градот Њу Орлеанс. „Da Drought 3“ беше издаден наредната година и беше достапен за бесплатно правно симнување. Таа го содржи рапувањето на Лил Вејн на повеќе ритми од неодамнешни хитови од страна на други музичари. Кристијан Хауард од Ролинг Стоун магазинот смета дека миксовите „Da Drought 3“ и „The Drought Is Over 2“ се меѓу најдобрите албуми во 2007 година.[21]
И покрај тоа што не објави албум две години, Лил Вејн се појави во бројни синглови на разни изведувачи, вклучувајќи ги „Gimme That“ од Chris Brown, „Make It Rain“ од Fat Joe, „You“ од Lloyd и „We Takin’ Over“ од DJ Khaled (заедно со Акоn, TI, Fat Joe и Birdman ), „Duffle Bag Boy“ од Playaz Circle, „Sweetest Girl(Dollar Bill)“ од Wyclef Jean (и со Акоn) и ремиксот „I’m So Hood“ од DJ Khaled (заедно со Т-Pain, Young Jeezy, Ludacris, Busta Rhymes, Big Boi, Fat Joe, Birdman и Rick Ross). Сите овие синглови беа во рамките на првите 20 места на Билборд Хот 100, Хот Рап синглови и Хот РнБ/Хип-хоп песни на топ листите. Во 2007 година на албумот на Birdman „5*Stunna“, Лил Вејн се појавува во сингловите „100 Million“ и „I Run This“, меѓу неколку други песни. Вејн исто така се појавува на песни од албумите „Getback“ од Little Brother, „American Gangster“ од Jay-Z, „Graduation“ од Kanye West (Кање Вест) и „Insomniac“ од Енрике Иглесијас. „Make it Rain“, издаден од продукцијата Scott Storch го достигна 13-то место на Топ 100 и 2-то место на Хот Рап–синглови на топ листите[22] и беше номинирана за Греми награда за најдобра Рап изведба од страна на дуо или група за 2008 година.[23]
Списанието Vibe објави список на 77 песни од Лил Вејн во 2007 година и ја објави неговата верзија на „We Takin’ Over“ на DJ Khaled како најдобра во 2007 година, заедно со „Dough Is What I got“ (слободен стил на ритамот од „Show Me What You Got“ од Џеј Зи) од втората песна од албумот Da Drought 3.[6] На крајот од 2007 година, една анкета на МТВ го прогласи Лил Вејн за „Hottest MC in the Game“ („Најдобар МС во играта“).[24] Списанието The New Yorker го рангираше како „Рапер на годината“,[4] додека списанието GQ го именуваше како „Работохолик на годината“.[25] Во 2008 година беше прогласен за најдобра рок-ѕвезда што постои, од страна на списанието Blender[2] и „Најдобар МС“[21] од списанието Rolling Stone (Ролинг Стоун).[26]
Првобитно, било планирано во 2007 година да биде издаден Tha Carter III, но до негово одлагање дошло откако поголемиот дел од песните протекле и се дистрибутирале на микс-касети, како „The Drought Is Over Pt.2“ и „The Drought Is Over Pt.4“. Лил Вејн првично одлучил да ги искористи протечените песни, плус четири нови песни,да направи посебен албум, насловен „The Leak“ („Протекување“). The Leak требало да биде објавен на 18 декември 2007, но вистинскиот албум бил одложен до 18 март 2008 година,[27] но издавањето во овој формат никогаш не дошло до реализација, а официјален ЕП насловен „The Leak“ кој содржи пет песни дигитално бил објавен на 25 декември 2007 година.
Tha Carter III беше објавен на 10 јуни 2008 година, продавајќи повеќе од милион примероци во првата недела на продажбата и стана прв кој тоа го има направено, после The Massacre на 50 Cent, издаден во 2005 година.[28] Првиот сингл „Lollipop“(„Шеќерче“) заедно со Статик, стана најпознатата и најуспешна комерцијална песна на раперот во тој момент, се искачи на врвот на Билборд Хот 100 топ-листата, што го прави првиот Топ 10 сингл за Лил Вејн како соло изведувач, како и негов прв број 1 на топ листата. Неговиот трет сингл од Carter III, “Got Money” заедно со Т-Pain го достигна 13-то место на Билборд 100 топ-листата. Заедно со неговиот албум синглови, Лил Вејн се појавува на РнБ сингловите : “Girls Around the World “ од Lloyd(Лојд), “Love In This Club” од Usher (Ашер), “Official Girl“од Cassie (Кејси), „Im’So Paid” од Akon (Акон), “Turnin’ me on” од Keri Hilson (Кери Хилсон) и “ Can’t Believe It” од Т-Pain ; рап сингловите “My life” од The Game, “ Shawty Say” од David Banner (Дејвид Банер), ”Swagga Like Us” од TI, “ Cutty Buddy” од Mike Jones (Мајк Џонс), “All My Life ( In The Ghetto) од Jay Rock (Џеј Рок) и ремиксот “Certified” од Glasses Malone; и поп-синглот “Let It Rock” од новиот пејач на Cash Money, Кеvin Rudolf (Кевин Рудолф). На 14 јули 2008 година, од страна на the Recording Industry Association of America (Асоцијација на музичката индустрија на Америка) му беше доделено платинесто уверение за албумот Tha Carter III и тоа двапати.[29] Во октомври 2008 година, во интервју за МТВ вестите, Лил Вејн ги објави плановите за преиздавање на овој албум со сите нови песни, вклучувајќи и дует со Ludacris (Лудакрис) и ремикси од „A Milli“.[30]
На концертот Voodoo Experience одржан во октомври 2008 година, во Њу Орлеанс, се појави и Лил Вејн. Џонатан Коен од списанието Билборд, објави дека овој настан ќе биде забележан како негово најголемо домашно претставување во неговата кариера.[31] Лил Вејн изјави дека повторно ќе се обедини со Hot Boys, заедно со Џувенајл, Турк и Б.Г. Тие планираат да издадат албум откако соло албумот на Б.Г „Too Hood to Be Hollywood“ ќе биде завршен.[32] Вејн, исто така, во 2008 година настапи на Virgin Mobile Music Fest, заедно со Kanye West (Кање Вест) изведувајќи го ремиксот на „Lollipop“ и исто така со усно сихронизирање ја изведе „I Will Always Love You“ од Витни Хјустон.[33] Лил Вејн, исто така, настапи на МТВ Видео Музичките Награди во 2008–та година, со Kid Rock (Кид Рок) („All Summer Long“), Leona Lewis (Леона Луис) („Don’t Get It“) и T-Pain („Got Money“).[34] На премиера на сезоната Saturday Night Live тој ги изведе „Lollipop“ и „Got Money“. Подоцна настапи на собирот на Универзитетот Вандербилт[35] и во 2008 година доби 12 номинации за BET Hip Hop Awards наградата.[36] Тој ја освои МВП титулата на БЕТ-хип-хоп наградите и седум други.[37] Беше објавено дека M.I.A го откажа настапот на турнејата, поради нејзината бременост, меѓутоа, се очекува Џеј Зи да настапи заедно со Вејн на песната „Mr.Carter“ во одбраните шоуа.[38]
На 11 ноември 2008 година, Вејн стана првиот хип-хоп изведувач кој некогаш настапил на Country Music Association наградите. Тој свиреше заедно со Кид Рок на песната „All Summer Long“, во која Вејн не рапуваше, туку само свиреше на гитара заедно со гитаристот од бендот на Кид Рок.[39] Набргу потоа, Вејн беше номиниран за осум Греми награди - најмногу од било кој уметник номиниран таа година.[40] Вејн тогаш беше избран за прв „МТВ човек на годината” на крајот на 2008 година.[41] Тој ја освои наградата Греми за најдобар Рап-соло изведба за песната „A Milli“, најдобра рап изведба од дуо или група за неговото појавување во песната „Swagga Like Us“ на T.I и за најдобра Рап песна за „Lollipop“. Tha Carter III ја освои наградата за Најдобар рап албум.[42]
DJ Drama изјави дека ќе има трето поставување на серијата микс-касети(мешавина) The Dedication со Лил Вејн,[43] кој инсистираше на тоа дека ќе има целосен албум под тој наслов.[44] Како и да е, и покрај фактот што Вејн сакаше да го објави Dedicaton 3 како албум, беше објавен како микс-касета (мешавина) на 14 ноември 2008 година.
МТВ го стави Лил Вејн на второто место на нивната листа за The Hottest MСs In The Game за 2009 година.[45]
На 23 декември 2009 година, Вејн го издаде заедничкиот албум со Young Money, потврден со првиот сингл „Every Girl“(„Секоја девојка“).[46] Вториот сингл е „BedRock“, заедно со Лојд. Третиот сингл е „Roger That“. На 24 мај 2010 година, албумот беше награден со злато од страна на РИАА, со повеќе од 500.000 продадени примероци.[47]
Вејн се појавува во песната „Revolver“, заедно со Мадона на нејзиниот албум со најголеми хитови во 2009 година, Celebration („Прослава“). Тој исто така се појави во песната на Weezer, „Can’t Stop Partying“ во 2009 година на нивниот албум „Raditude“.[48]
Кон крајот на 2008 година Вејн изјави дека ќе го преиздаде Tha Carter III со остатокот од песните и ќе го нарече Rebirth, меѓутоа неколку месеци подоцна, тој изјави дека наместо „Rebirth“ ќе биде објавен неговиот деби-рок албум, задржувајќи го насловот „Rebirth“ („Преродба“).[49] Како поддршка на издавањето на Rebirth и заедничкиот албум со Young Money Entertaiment, Вејн го одржа „Young Money Presents: America’s Most Wanted Music Festival“…единствената турнеја одржана во САД и Канада, која започна на 29 јули 2009 година. Издавањето на албумот „Rebirth“ првично беше закажано за 7 април 2009 година, но после бројни одложувања албумот беше издаден на 2 февруари 2010 година. За очекувањето на „Rebirth“, Вејн беше избран за насловната на списанието Rolling Stone (Ролинг Стоун).[50]
„Prom Queen“, првиот официјален сингл, дебатираше на 27 јануари 2009 година, веднаш после емитувањето во живо на интернет Ustream[51] од неговиот концерт во Сан Диего.[52] „Prom Queen“ го достигна 15 место на Билборд Хот 100 топ-листата.[53] На 3 декември 2009 година, вториот сингл на Лил Вејн од албумот, „On Fire“ беше издадена на iTunes. „On Fire“ беше продуцирана од страна на Cool & Dre со Лил Вејн, кој свири гитара со помош на Pro Tools.[54] „On Fire“ го достигна 33 место на Билборд Хот 100 топ-листата. „Drop The World“, заедно со Еминем, е третиот сингл од албумот.[54]
Лил Вејн го издаде албумот со наслов I Am Not a Human Being („Јас не сум човечко суштество“) на 27 септември 2010 година, на денот на неговиот роденден. Албумот се продаде во над 250.000 примероци во САД и предизвика внимание со синглот „Right Above It“.
Во интервју за МТВ Mixtape Monday, Вејн ја потврди можноста за албум насловен Tha Carter IV.[55] Следејќи го успехот на Tha Carter III, кој продавајќи се во повеќе од два милиони примероци стана најдобро продаван албум во 2008 година, Вејн повторно потпиша договор со Cash Money Records за мулти-албум.[56] Вејн рече дека Tha Carter IV ќе биде издаден во 2009 година, непосредно пред празниците.[57] Birdman (Бирдман) претходно беше изјавил дека Tha Carter IV заедно со Rebirth ќе одат во пакет како двоен диск албум.[58] Сепак, Вејн ја негираше оваа идеја, велејќи дека „Tha Carter IV заслужува Tha Carter IV“. Тој додаде дека We Are Young Money може да оди како двоен албум со Rebirth.[59][60] Меѓутоа, подоцна беше потврдено дека Rebirth и We Are Young Money ќе бидат издадени одделно и дека Tha Carter IV ќе биде објавен во текот на 2011 година. Тој почнал од нула на Tha Carter IV, веднаш по излегувањето од затвор.[61] Тој го сними својот прв сингл откако излезе од затвор и беше опишан како „a 2010 version of A Milli on steroids“(„како 2010 верзија на Мilli на стероиди“). Првиот сингл „6 Foot 7 Foot“ заедно со Cory Gunz (Кори Ганц), беше издаден на 15 декември 2010 година. На 16 декември 2010 година, беше достапен за дигитално симнување на iTunes. Песната ја продуцираше Бангладеш, кој исто така го продуцираше синглот „A Milli“ на Лил Вејн во 2008 година. Албумот Tha Carter IV ќе биде издаден во зимата 2011 година.[62]
Тој најави неколку можни идни проекти, вклучувајќи ја и соработката на албумот „I Can’t Fell My Face“ со раперот Juelz Santana (Јуелз Сантана) кој e во продукција веќе неколку години.[63][64] Тој исто така, зборуваше со пејачот Лојд за заеднички албум во иднина.[65] На 19 јуни 2008 година, Лил Вејн и Т-Паин, формираа дуо наречено Т-Вејн[66] и планираа да издадат албум заедно.[67] На 8 јуни 2010 година, Дрејк потврди дека тој и Вејн планираат да издадат joint албум во иднина.[68] Лил Вејн и Baby (Бејби) во 2011 година, околу Денот на татковците ќе издадат втор албум „Like Father, Like Son“.[69][70] Вејн и Дрејк ќе го објават заедничкиот албум некаде во блиска иднина.[70]
Лил Вејн беше гостин дебитант кој се појави наспроти Skip Bayless на „првиот и десеттиот сегмент“ на изданието на ESPN First Take што се одржа на 6 јануари 2009 година.[71] На 10 февруари 2009 година, тој исто така се појави на телевизијата ЕСПН во Around The Horn и ги победи ветераните Вуди Пејџ (Wooddy Paige), Џеј Мариоти(Jay Mariotti) и колегата од Њу Орлеанс, Мајкл Смит (Micheal Smith) и ја освои таа епизода од шоуто.[72] Вејн е поставен да ја продуцира и компонира музиката за филмот Hurricane Season („Сезона на урагани“).[73] Документарецот на Лил Вејн насловен Carter беше објавен на филмскиот фестивал Sundance.[74] На 7 февруари 2009 година во шоуто Late Show with на Дејвид Летерман на телевизијата ЦБС, тој ја презентираше Топ Десет листата.[75] Потоа, на 24 април се појави во една епизода на The View, во која зборуваше за неговата GED и зависностите.[76] Во септември 2009 година, Вејн се појави во една епизода на Behind The Music на VH1[77] и беше презентер на МТВ филмските награди во 2009 година.[78]
Лил Вејн има четири деца. Неговото прво дете, ќерката Регина, е родена кога тој имал 15 години,[3] од неговата средношколска љубов, Антонија „Тоја“ Картер (родена Џонсон). Вејн и Џонсон се зедоа на Денот на вљубените во 2004 година и се разведоа во 2006 година.[79] Гласините кои почнаа да се движат по Интернет во август 2008 година, дека ќерката на Лил Вејн загинала во сообраќајна несреќа, тој брзо ги негираше, велејќи : „Ве молам дозволете ми да го отфрлам сите гласини и шпекулации и да ве известам дека ќерка ми е жива, здрава и опкружена со семејството кое се грижи и ја сака премногу. Гласините се потполно лажни и неосновани; ниту Регина, ниту било кој друг член на моето семејство е вклучен во сообраќајна несреќа“.[80] Неговото второ дете, Двејн 3 (Dwayne III) е роден на 22 октомври 2008 година во Христијанската болница во Синсинати.[81] Неговото трето дете, Ленокс Самоил Ари (Lennox Samuel Ari), од глумицата Лаурен Лондон (Lauren London), е родено на 9 септември 2009 година.[82] Своето четврто дете, Нил, тој го доби со пејачката Нивеа на 30 ноември 2009 година.[83]
Во интервју за Би-Ес, со Кејти Корик, Вејн објасни зошто го користи името „Вејн“, наместо неговото родено име, Двејн. Картер објасни: „Ја испуштив Д затоа што сум помлад и татко ми е жив, а тој не е во мојот живот, ниту некогаш бил. Значи, не сакам да бидам Двејн, претпочитам да бидам Вејн.“ Корик го праша дали неговиот татко знае за ова и Вејн со насмевка одговори: „Сега знае.“[84]
Откако ја заработи својата GED (ГЕД), Вејн се запиша на Универзитетот во Хјустон, во јануари 2005 година. Тој го напушти уште истата година, поради неговиот спротивставен распоред.[85] Исто така за The View откри дека се префрлил на Универзитетот во Феникс и дека зема онлајн курсеви по психологија.[86] Една статија во списанието Урб во март 2007 година, тврдеше дека Вејн добивал високи оцени на Хјустон.[87]
Во интервју за списанието Блендер (Blender), Лил Вејн откри дека една од неговите омилени групи од детството е рок-групата Нирвана, посочувајќи ги за големо влијание во неговата музика.[88]
На 24 септември 2008 година, Лил Вејн го објавил својот прв блог за ЕСПН во нивното издание, списанието ЕСПН. Вејн открива дека е љубител на тенисот, на Green Bay Packers, на Бостон Бруинс (Boston Bruins), на Лос Анџелес Лејкерс и Бостон Ред Сокс.[89] Вејн продолжи со пишување за ЕСПН, особено известуваше за ЕСПН од Супер Бовл натпреварите.[90]
Заедно со Мек Мејн, Вејн присуствуваше на 3-та игра од отворањето на НБА плејоф серија помеѓу Денвер Нагетс и домашната екипа Њу Орлеанс Хорнетс на 25 април 2009 година.
Лил Вејн е христијанин[91], кој одвојува време редовно да ја чита Библијата.[92] Додека настапуваше во Newark Symphony Hall, Лил Вејн го изнесе своето верување „во Господ и неговиот син Исус.“[91] Тој тогаш ја праша толпата дали и тие исто така веруваат и тие одговорија потврдно со викање.[91]
Според неговиот цимер од затворот на островот Рикерс и затворските записи, Вејн е римокатолик.[91]
На 19 февруари 2008 година, Лил Вејн и Кортес Брајант повторно го посетија средното училиште „Мек Меин“ за да изберат средношколци за да дизајнираат покана за гала вечерта за претставување на непрофитабилната фондација на Лил Вејн, Оne Family.[93] Мрежното место Сhange.org вели: „Мисијата на фондацијата „One Family“ е да ги поттикне младите да се посветат на нивните вештини и таленти, едуцирајќи ги да станат продуктивни и економски доволни сами за себе, мотивирајќи ги да сонуваат надвор од нивните околности.“[94]
Во вечерните вести на ЦБС, во интервјуто со водителката Кејти Корик (Katie Couric) во нејзиното специјално издание за Греми наградите Вејн изјави дека ужива во рекреативно пушење на марихуана. Тој исто така изјави дека веќе не е „зависен“ од пиење пурпурен пијалак (сируп против кашлица „кодеин“), како што некои тврдеа.[84] Тој беше уапсен за поседување на марихуана и други видови на дрога.
По настапот во Квест Арената во Боисе, Ајдахо, Лил Вејн беше уапсен на 5 октомври 2007 година од страна на властите во Џорџија, под обвинение дека раперот поседува забранета супстанца.[95] Инцидентот подоцна беше опишан како „недоразбирање“ и обвиненијата беа повлечени.[96]
На 23 јануари 2008 година, Лил Вејн беше уапсен заедно со уште две лица. Неговиот патувачки автобус беше запрен од агентите на Граничната патрола близу Јума, Аризона. К-9 единицата пронајде 105 грама марихуана, речиси 29 грама кокаин, 41 грам МДМА и 22000 долари во кеш. Лил Вејн беше обвинет за четири кривични дела: поседување на опојни дроги за продажба, поседување на опасни дроги, непристојно однесување, вклучувајќи и оружје и поседување на прибор за дрога. Тој доби дозвола да патува надвор од државата и остана надвор од притвор давајќи гаранција од 10,185 долари.[97] На 6 мај 2008 година, Вејн се врати во судот во Аризона да се изјасни невин по обвиненијата.[98] Налог за апсење беше издаден на 17 март 2010 година, кога Лил Вејн не се појави на завршното судење.[99][100] Меѓутоа, раперот веќе беше во затвор во Рикерс, отслужувајќи едно годишна казна за обвинението за оружје.[101] На 22 јуни 2010 година, Вејн се изјасни виновен за обвиненијата. Како дел од договорот за признавање на вината тој може да добие 36 месеци условна казна. На 30 јуни 2010 година, беше осуден на 3 години условно.[102]
На 18 декември 2009 година, Вејн и 11 други беа задржани на граничниот премин кај Фалфуриас (Falfurias), Тексас, откако непозната количина на марихуана беше пронајдена во два негови патувачки автобуси.[103]
На 22 јули 2007 година, Лил Вејн беше уапсен во Њујорк, по настапот во Бекон Театарот (Beacon Theatre); Њујоршката полиција ги откри Лил Вејн и друг човек како пушат марихуана во близина на патувачкиот автобус. По ставањето на Лил Вејн во притвор, полицијата откри пиштол od 40 mm кај него. Пиштолот, кој бил регистриран на име на неговиот менаџер, бил во торба која се наоѓала во близина на раперот.[104] Тој беше обвинет за кривично поседување на оружје и марихуана.[105][106]
На 22 октомври 2009 година, Лил Вејн се изјасни за виновен за обид за кривично поседување на оружје. Пресудата требаше да биде донесена во февруари 2010 година и се очекуваше да добие една година затворска казна,[107] но на 9 февруари 2010 година, адвокатот на Вејн соопшти дека пресудата е одложена до 2 Март, поради денталната операција[108] која е закажана за 16 февруари. Во операцијата се вклучени осум канали на корените, замена на неколку забни импланти, како и додавање на неколку нови импланти и работа на неговите преостанати оригинални заби.[109]
На 2 март 2010 година, пресудата повторно беше одложена откако во судницата беше пријавен пожар во подрумот.[110]
На 8 март 2010 година, Лил Вејн беше осуден на една година затвор, која ја отслужи на островот Рикерс. Неговиот адвокат изјави дека раперот очекува да биде држан во заштитен притвор, одделен од другите затвореници.[111] Тој беше пуштен поради добро однесување.[111][112] Меѓутоа, во мај 2010 година, од страна на затворскиот персонал на островот Рикерс, кај Вејн беа пронајдени забранети работи (Мп3 плејер, полнач и слушалки).[113] Сепак во тоа време, од страна на МТВ и Хип-хоп ДХ (HipHopDX) беше објавено дека Лил Вејн ќе биде пуштен почетокот на ноември.
Во април 2010 година, пријателите на Лил Вејн создадоа мрежно место наречена Визи ти благодариме („Weezy Thanx You“), која ги објавува писмата напишани од Вејн во затворот.[92][114] Во првото писмо насловено „Gone ‘til November“, раперот го опишува неговото секојдневие, велејќи дека работи многу и дека ја чита Библијата секој ден.[92]
Вејн беше ослободен од затворот на островот Рикерс на 4 ноември 2010 година, откако одлежа осум месеци од неговата едногодишна казна.[115]
Во февруари 2009 година, продукциската компанија РМФ продукција поднесе тужба вредна 1.3 милиони долари против Вејн, поради аконтација од 100 000 долари за три концерти, од кои сите беа откажани од страна на уметникот.[116]
Во октомври 2009 година, Лил Вејн ,Бирдман, Cash Money Records и неколку музички дистрибуции беа тужени за кршење на авторските права, од страна на Томас Мараскуло (Thomas Marasciullo), кој тврди дека неговиот глас бил употребен без негова дозвола. Раперите во 2006 година му рекле дека треба да сними некои „италијански стилизирани зборови“. Стиховите наводно се користени на „Respect“ и други песни на заедничкиот албум на раперите „Like Father,Like Son“ и на албумот на Бирдман „5* Stunna“.[117]
Лил Вејн е споменуван во јавните говори на претседателот Барак Обама, најмалку двапати, во мешани контексти. Зборувајќи на широката афроамериканска публика за време на генералната изборна кампања, во говорот во градското собрание во Џорџија, тогашниот сенатор Обама ги опоменуваше децата да останат во училиштата и да ги остварат нивните соништа низ образованието и упорноста, наместо да се надеваат на краток пат до славата и богатството, изјавувајќи: „Вие веројатно не сте добри како рапер. Можеби вие сте следниот Лил Вејн, веројатно и не, во тој случај вие треба да останете во училиште.“[118]
По преземањето на претседателството, Обама подоцна ја повтори оваа тема на лична и семејна одговорност и тежината на постигнувањето на лирските вештини или успехот на Лил Вејн, во текот на обраќањето на средбата по повод 100-годишнината од НААЦП, кажувајќи и на публиката:
Би можеле да помислат дека имаат прилично добар скок шут или добро движење, но сите наши деца не можат да се стремат да бидат Леброн или Лил Вејн. Сакам тие да се стремат да бидат научници и инженери, лекари и професори, не само кошаркари и рапери. Сакам да се стремат да бидат во Врховениот суд на правдата. Сакам да се стремат да бидат Претседател на Соединетите Американски Држави.[119]
Обама, исто така го спомна слушањето на Лил Вејн на неговиот iPod:
Мојот вкус за рап е значително подобрен. Џеј Зи беше вид на она што доминираше, но сега имам малку Нас и малку Лил Вејн и некои други работи.[120]
Филм | |||
---|---|---|---|
Година | Филм | Улога | Белешки |
2000 | Baller Blockin' | Ајсберг Шорти | Главна улога |
2007 | Who's Your Caddy ? | Себе | Мала улога |
2009 | The Carter Documentary | Себе | Документарен филм DVD, Главна улога |
2010 | Hurricane Season | Ламонт Џонсон | Мала улога |
Телевизија | |||
Година | Наслов | Улога | Белешки |
2007 | Access Granted | Себе | |
The Boondocks | |||
2009 | Nike Zoom VI LeBron James "Chalk" | Себе | Мало појавување |
Gatorade | Себе | Раскажувач | |
1st and 10 | |||
Around the Horn | |||
Behind The Music | Себе | ||
All Access With Katie Couric | Себе | ||
The Mo'Nique Show | Себе | ||
2010 | Freaknik: The Musical | Трап Исус | |
2010 | Saturday Night Live | Себе | Заедно со Еминем изведуваат мешавина од песни, вклучувајќи ја и песната „No love“ |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.