From Wikipedia, the free encyclopedia
Леонард Блумфилд е роден во 1 април 1887 година. Тој студира на многу различни колеџи; дипломира на Харвард во 1906 година и потоа продолжува на универзитетот во Висконсин каде што ќе дипломира во 1908 година. Оттаму тој ги продолжува своите студии на универзитетот во Чикаго каде што подоцна дипломира. Поголемиот дел од своето време го поминува во споредување на германските јазици. На универзитетот во Охајо Блумфилд станува асистент професор по германски јазик. Со оваа титула се носи седум години, а потоа оди на универзитетот во Чикаго. Тука тој останува уште седум години (од 1921 до 1928) и е главниот професор по германски јазик.
По ова поголемиот дел од неговиот интерес е насочен кон опишување на јазиците и нивниот однос со науката. Додека го проучува овој аспект на јазикот, Блумфилд го пишува своето ремек дело „Јазик“. Ова дело се занимава со стандардниот текст и има огромно влијание на други јазичари. До неодамна, повеќето американски јазичари се сметаа себеси, до некој степен, следбеници на Блумфилд, дури и оние кои воопшто не биле негови ученици, а поголемиот дел од нивната работа е оформена според неговите методи.
Блумфилд има шест важни изданија за време на неговиот живот кои оставаат белег на историјата на лингвистиката. Неговата прва книга е издадена во 1914 година, кога работи како асистент професор на универзитетот во Илиноис. Наречена е „Вовед во проучувањето на јазикот“ и се занимава со севкупниот аспект на јазикот. Оваа книга е почетокот на неговата кариера како писател.
Во средината на неговата кариера како писател, во 1933 година, тој ја пишува книгата „Јазик“ која станува книгата по која тој е познат. Од тука Блумфилд навлегува подлабоко во граматиката и во 1935 година ја пишува книгата „Нагласените самогласки во американскиот јазик“. Последната книга од неговата кариера како писател ја пишува во времето кога се навраќа на научното проучување на јазикот. Таа се занимава со севкупниот аспект на јазикот и науката и не се здобива со многу популарност. Оваа книга е наречена „Јазичаричките аспекти на науката“ (1939).
На крајот од неговата кариера како писател, Блумфилд пробува да пишува за други јазици како што се холандскиот и рускиот, но не успева да го постигне истото што го постигнува со другите книги. Сепак, Леонард Блумфилд не само што се смета за еден од најдобрите јазичари во неговото време, туку се смета и за еден од најдобрите јазичари во сите времиња.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.