From Wikipedia, the free encyclopedia
Кристоф Најдовски (9 август 1969 , Париз) — француски политичар, поранешен член на Европа Екологија Зелени. Тој е заменик-градоначалник на Париз задолжен за ресорот за мали деца од 2008 до 2014 година, транспорт, преселувања, патишта и јавен простор од 2014 до 2020 година и обновување на вегетацијата на јавниот простор, зелените површини, биолошката разновидност и состојбата на животните од 2020 година. Од 2018 до 2021 година е претседател на Европската велосипедска федерација .
Кристоф Најдовски Christophe Najdovski | |
---|---|
Кристоф Најдовски во 2014 година | |
Заменик-градоначалник на Париз задолжен за обновување на вегетацијата на јавниот простор, зелените површини, биолошката разновидност и состојбата на животните | |
На должноста | |
Стапил 6 јули 2020 | |
Градоначалник | Ан Идалго |
Заменик-градоначалник на Париз задолжен за транспорт, преселувања, патишта и јавен простор | |
На должноста 5 април 2014 – 6 јули 2020 | |
Градоначалник | Ан Идалго |
Заменик-градоначалник на Париз задолжен за ресорот за мали деца | |
Градоначалник | Бертран Деланое |
Лични податоци | |
Роден(а) | 9 август 1969 Париз 20. арондисман, Франција |
Националност | Французин |
Живеалиште | Париз |
Установа | Универзитет Париз 1 Пантеон-Сорбона |
Професија | професор по економски и општествени науки |
Кристоф Најдовски е роден во 20. арондисман на Париз [1], во имигрантско семејство кое пристигнало од Македонија една година пред неговото раѓање[2]. Израснал во Порт де Венсен каде неговата мајка била домарка [3] (консиерж), додека неговиот татко бил специјализиран работник во фабриките на Рено во Булоњ-Бијанкур [1].
Студирал економија и во 1992 година се здобил со магистерска диплома за економија на животна средина (неговата теза била за управување со урбан отпад во Сена и Марна[4] ). Потоа полагал за професорски сертификат по економски и општествени науки што ќе му овозможи да предава петнаесет години во парискиот регион [2], во Витри-сир-Сен, во Сен Дени потоа во Париз, во гимназијата „Пол Валери“[3]. До 2013 година предавал социјални политики на Универзитетскиот технолошки институт во Бобињи.
Од 2018 до 2021 година е претседател на Европската велосипедска федерација, што се сметало за лобирање за велосипедизмот[5].
Кристоф Најдовски ја открил екологијата за време на факултетските студии, во контакт со неговиот професор Рене Пасе и во тоа време бил заинтересиран за борбата против апартхејдот како и за милитантните активности на Вацлав Хавел и Чико Мендес[2] .
Се приклучил на Зелените во 1993 година кога избрале да се позиционираат лево[2] . Оттогаш почнал да работи како локален активист.
Се кандидирал на општинските избори во 1995 во 12 арондисман на Париз (каде што живее [2]) во неподобна позиција. Кандидат е во 1997 година на парламентарните избори во 8 изборна единица на Париз.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.