From Wikipedia, the free encyclopedia
Осло (норвешки Oslo, а во Норвешка се изговара како Услу и Ушлу е главен град на Норвешка. Се наоѓа на северниот брег на заливот Ослофор.
Осло | |||
---|---|---|---|
| |||
Информации | |||
Население: | 876 391 | ||
Надм. височина: | 1,4 m | ||
Геогр. положба: | 59° 56' сев. ш. 110° 45' ист. д. | ||
UTC: | +1 | ||
Градоначалник | |||
Пер Дитлев Симонсен | |||
Веб саjтот на градот | |||
http://www.oslo.kommune.no |
Во минатото името на градот бил Христијанија (1624-1877) или Кристијанија (1877-1925). Во Осло се доделува Нобеловата награда за мир. Се претпоставува дека градот бил основан во 1048 година од страна на кралот Харалд III Сигурдсон, но според најновите археолошки ископувања се смета дека градот постоел и во најраното христијанство. Во 2000 година Осло го отпразнувал своето 1000 годишно постоење. Името “ос“ значи или партенон или некое брдо, а “ло“ значи лука. Во 1952 година во Осло биле одржани Зимските олимписки игри.
Осло се простира на површина од 454 км2.
Градот има 876 391 жители (2009).
Студенскиот дом Согн (Нор. 'Sogn Studentby') се наоѓа во Нордре Акер областа на градот Осло. За овој како и за повеќето студенски домови во Осло е одговорна организацијата СИО SIO Архивирано на 3 септември 2014 г.. Овој студенски дом се наоѓа во непосредна близина на главниот универзитет во Осло UIO на растојание од 1.3 - 2.3 километри. До овој студенски дом лесно се стигнува со јавен превоз со автобусите број 22 и 25. Во блиско опкружување на овој студенски дом (5-7 минути одење) се наоѓа и градскиот фудбалски стадион на градот Осло Ullevål Stadion. До стадионот има и метро станица преку која може да се стигне до центарот на Осло со линиите 3,4 и 6.
Оваа статија за место во Норвешка е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.