Крижевци — град во копривничко-крижевската жупанија во Хрватска. Според пописот од 2001 г. градот имал вкупно 11.541 жител.[1] Поради близината на Загреб (57 км), Крижевци се развива како сателитска градска населба со поволна положба во близина на регионалните средишта Копривница (31 км), Бјеловар (33 км) и Вараждин (48 км).

Кратки факти Mестоположба, Координати ...
Крижевци
Križevci
Thumb
Катедралата во Крижевци
Катедралата во Крижевци
Mестоположба
Thumb
Mестоположбата на Крижевци
Местоположба на Крижевци на картата на Хрватска
Координати

46°02′″N, 16°32′″E

Општи податоци
Име
- изворно
Крижевци
  Križevci
Основан 1252
Стари имиња Cris
Поштенски број 48260
Повикувачки број (+385) 048
Автомобилска ознака
Портал www.krizevci.hr/
Управа
Земја Хрватска Хрватска
Жупанија Копривничко-крижевска жупанија
Градоначалник Бранко Хрг (ХСС)
Географија
Површина 263.72 km²
Население
Население 11.894 (2001)
Затвори

За настанокот на Крижевци била важна макросообраќајната положба. Уште од антиката и средниот век на просторот на Крижевци се наоѓала крстосница на патишта, а низ населбата поминувал познатиот пат на кралот Коломан кој го поврзувал панонскиот и јадранскиот простор. Крижевци лежи на 140 метри надморска височина.

Thumb
Панорама на Крижевци

Население

Според пописот од 1991 г. составот на населението во градот Крижевци бил:

  • Хрвати - 10.215 (90,91%)
  • Срби - 405 (3,60%)
  • Југословени - 216 (1,92%)
  • останати - 146 (1,29%)
  • национално неопределени - 149 (1,32%)
  • регионалнио определени - 3 (0,02%)
  • непознати - 102 (0,94%)

Според пописот од 2011 година, Општина Крижевци имала население од 21.122 жители, распоредени во следниве населени места:[2]

  • Апатовец, жители: 350
  • Бекетинец, жители: 38
  • Бојниковец, жители: 219
  • Буковје Крижевачко, жители: 316
  • Царевдар, жители: 438
  • Цубинец, жители: 546
  • Чабраи, жители: 153
  • Дијанковец, жители: 188
  • Дољанец, жители: 53
  • Долна Брчковчина, жители: 165
  • Долна Глоговница, жители: 129
  • Долен Дубовец, жители: 34
  • Ѓурѓиц, жители: 267
  • Ердовец, жители: 207
  • Горна Брчковчина, жители: 160
  • Горна Глоговница, жители: 115
  • Горен Дубовец, жители: 8
  • Грачина, жители: 209
  • Иванец Крижички, жители: 308
  • Јарчани, жители: 97
  • Каране, жители: 229
  • Клоштар Војаковачки, жители: 366
  • Костадиновац, жители: 14
  • Крижевци, жители: 11,231
  • Кучари, жители: 31
  • Кунѓевац, жители: 11
  • Лемеш, жители: 111
  • Лемеш Крижевачки, жители: 183
  • Мајурец, жители: 423
  • Мале Сесвете, жители: 46
  • Мал Царевдар, жители: 19
  • Мал Порочец, жители: 169
  • Мал Равен, жители: 15
  • Мариновец, жители: 103
  • Мичиевац, жители: 69
  • Новаки Равенски, жители: 178
  • Нови Бошњани, жители: 81
  • Нов Ѓурѓиц, population 130
  • Осиек Војаковачки, жители: 205
  • Павловец Равенски, жители: 101
  • Песек, жители: 271
  • Побрѓани Војаковачки, жители: 35
  • Подгаец, жители: 21
  • Пољана Крижевачка, жители: 396
  • Повелиќ, жители: 86
  • Прикрај Крижевачки, жители: 194
  • Рушевац, жители: 182
  • Среден Дубовец, жители: 93
  • Стара Вес Равенска, жители: 31
  • Стари Бошњани, жители: 105
  • Света Хелена, жители: 309
  • Свети Мартин, жители: 91
  • Шпиранец, жители: 151
  • Веќеславец, жители: 143
  • Велике Сесвете, жители: 87
  • Велики Поточец, жители: 399
  • Велики Равен, жители: 219
  • Војаковец, жители: 234
  • Вуиќи Војаковачки, жители: 57
  • Жибриновец, жители: 113

Надворешни врски

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.