Козлеци
семејство растенија From Wikipedia, the free encyclopedia
семејство растенија From Wikipedia, the free encyclopedia
Козлеци или аруми (науч. Araceae) — семејство на монокотилни цветни растенија чии цветови се поредени во еден вид на соцветие наречено лажичка (спадикс). Спадиксот е составен од бројни ситни цветови поредени на една месеста оска. Тој најчесто е придружен, а понекогаш и затворен со спата, која претставува листовиден прицветен лист. Фамилијата брои 107 родови во кои се распоредени повеќе од 3700 видови. Семејството е најраспространета во тропските региони од Новиот Свет, но помал број претставници се среќаваат и во тропските региони од Стариот Свет, како и во северните умерени региони. Според неодамнешните генетски проучувања од страна на APG се покажа дека видовите од фамилијата Водни леќи (Lemnaceae) исто така припаѓаат во семејството.
Козлеци Период: рана креда[1] - денес | |
---|---|
Соцветие на Spathiphyllum cochlearispathum | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Монокотиледони |
Ред: | Воднотегавцовидни |
Семејство: | Козлеци Juss.[2] |
Потсемејства | |
|
Anthurium и Zantedeschia се два добро познати видови од оваа фамилија, како што се и Colocasia esculenta и Xanthosoma roseum (слоново уво). Меѓу најголемите соцветија во светот е она на растениеѕо Amorphophallus titanum (џиновски козлец). Во оваа фамилија припаѓаат голем број на украсни растенија: Dieffenbachia, Aglaonema, Caladium, Nephthys и Epipremnum, Allocasia и други. Во родот Cryptocoryne се вклучени многу познати аквариумски растенија. Плодовите на тарото и Monstera deliciosa се користат како храна. Philodendron е важно растение во екосистемите на дождовните шуми и често се користи како украсно растение. Во оваа фамилија спаѓа и најмалото цветно растение - волфијата.
Видовите од семејството најчесто се ризоматични или грутчести и често содржат кристали од калциум оксалат или рафиди. Листовите можат да варираат од вид до вид. Соцветието се состои од спадикс, кој речиси секогаш е опколен со изменет лист наречен спата. Кај еднодомните козлеци (кои имаат одделни машки и женски цветови, но тие се наоѓаат на едно растение или единка) спадиксот обично е граден така што женските цветови се наоѓаат во долниот дел од растението, додека машките кон врвот. Кај хермафродитните цветови, устенцето (стигмата) овенува кога ќе созрее поленот, спречувајќи притоа самооплодуавње. Постојат и некои дводомни видови.
Многу растенија во оваа фамилија се термогени (произведуваат топлина). Нивните цветови достигнуваат и до 45 степени Целзиусови дури и кога температурата на околната средина е многу пониска. Една од можните причини за оваа појава е привлекување на инсекти за опрашување. Друга причина е спречување на ткивно уништување во ладните региони. Некои примери на термогени козлеци се: Symplocarpus foetidus, Amorphophallus titanum (џиновски козлец), Amorphophallus paeoniifolius (слонова нога), Helicodiceros muscivorus и Sauromatum venosum (вуду лилјан). Цветовите од видовите како џиновски козлец и Helicodiceros muscivorus даваат многу непријатен мирис кој потсетува на пцовисано животно. Ова е важно, бидејќи на овој начин се привлекуваат мувите за да го опрашат растението. Топлината која ја произведува растението помага за интензивирање на овој мирис.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.