From Wikipedia, the free encyclopedia
Кодот на Да Винчи (англиски: The Da Vinci Code) е четвртиот роман на американскиот писател Ден Браун. Романот набрзо стана една од најпродаваните книги на сите времиња.[1][2]
Во текот на својата службена посета на Париз, харвардскиот стручњак за симбологија Роберт Ленгтон дознава дека во Лувр бил убиен стариот кустос, а до неговиот труп бил најден еден загадочен код. Обидувајќи се да ја решат необичната загатка, Ленгтон и француската специјалистка за криптологија Софи Неве, постепено сфаќаат дека трагите за решението се скриени во делата на Леонардо Да Винчи. Сè ќе се искомплицира дополнително кога Ленгтон ќе ја открие вчудовидувачката алка: покојниот кустос бил поврзан со Сионскиот приориум, вистинско тајно друштво чии членови биле г. Исак Њутн, Ботичели, Виктор Иго, Леонардо да Винчи и многу други. Ленгтон се сомнева дека се наоѓаат во лов на историска тајна и, ако не успеат да ја дешифрираат загатката, тајната на Сионскиот приориум и древната вистина ќе бидат загубени засекогаш.
Во книгата, ликот Ли Тибинг ѝ објаснува на Софи Неве дека фигурата во сликата „Тајната вечера“ на десната страна од Исус не е апостолот Јован, туку Марија Магдалена. Според книгата, Марија Магдалена му била сопруга на Исус Христос и била бремена кога Исус бил распнат. Како што може да се забележи, на масата нема чашка (а речено е дека Светиот Грал се појавува на таа вечера), што покажува дека Леонардо да Винчи знаел дека всушност Марија Магдалена била Светиот Грал (носителот на крвта на Исус). Се вели дека оваа теорија уште повеќе е потврдена со тоа што Исус и Марија се така седнати што просторот меѓу себе го прават како буквата “V”, а тој симбол е ознака за светата женственост. Јован не се појавува на сликата бидејќи е интерпретација на „ученикот што Исус го сакал“, код за Марија Магдалена. Во книгата исто така се спомнати и облеките на Исус и Марија, кои очигледно се сосема спротивни една со друга. Исус носи црвена блуза со сина кралска наметка, а Јован/Марија носи сина кралска блуза со црвена наметка. Исто така, ако го/ја поместите Јован/Марија на десно од Исус, ќе видите како главата совршено стои на рамото на Исус.
Според книгата, тајните на Светиот Грал, што ги чува Сионскиот Приориум се:
Според книгата, Тајните за Гралот се поврзани со Леонардо да Винчи. Леонардо бил член на Сионскиот Приориум и ја знаел тајната за Гралот. Тајната ја открил во Тајната вечера.
Главна статија: Кодот на Да Винчи (филм)
Филмска верзија е направена од Кодот на Да Винчи во 2006 година, со вкупна заработка од 750 милиони долари,[3] но воглавно со лоши критики. Писателот на филмската верзија, Акива Голдсмен беше повикан да направи и адаптација од Ангели и демони за филмското платно, чија премиера се очекува на крајот на 2008-ма година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.