From Wikipedia, the free encyclopedia
„Книга Товит“ — книга од Стариот завет.
Заедно со неговите сонародници, Товит бил заробен од асирската војска и одведен во ропство во Ниневија. Уште како момче, додека живел во татковината, тој бил побожен и често го посетувал Ерусалимскиот храм, за разлика од неговите родители кои го почитувале богот Ваал. Во Ниневија, Товит се грижи за своите сонародници така што мора да бега од гневот на царот, а по царевата смрт повторно се враќа во градот. На 88-годишна возраст, Товит наеднаш ослепува. Во една прилика, тој го испраќа синот Товиј во Мидија за да ги земе парите што своевремено ги оставил на чување кај еден човек. Товиј заминува придружуван од ангелот Рафаил, а кога пристигаат на реката Тигар, Товиј уловува голема риба и, по советот на сопатникот, ги зема внетрешните органи на рибата. Тие запираат во куќата во која живее Сара, млада жена која се мажела седумпати, но секојпат нејзините мажи умирале уште првата брачна ноќ, а причината за нивната смрт бил еден демон. Рафаил го убедува Товиј да ја побара Сара за жена, но тој се колеба, плашејќи се дека и него ќе го најде истата судбина. Сепак, по советот на ангелот, Товиј ги кади внатрешните органи на рибата и така го изгонува демонот. По свадбата, Товиј престојува некое време во домот на Сара, а Рафаил оди во Мидија и ги зема парите. Потоа, Товиј, Рафаил и Сара се враќаат во Ниневија, каде, по советот на Рафаил, Товиј му ги мачка очите на татко му и, по осумгодишно слепило, тој прогледува. И во татковиот дом се приредува свадбена веселба, а потоа Рафаил им го открива својот идентитет и исчезнува. Тогаш, Товит пишува молитва во која го слави Бога. Кога доживува длабока старост, Товит го советува синот да ја напушти Ниневија, претскажувајќи му дека таа ќе биде разурната, и да се пресели во Мидија. Товит умира на возраст од 158 години, а откако го погребува татка си, Тови и семејството се селат кај татко ѝ на Сара, каде го наследува неговиот имот. Товиј умира на возраст од 127 години, а пред смртта дознава за пропаста на Ниневија.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.