велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Клод Елвуд Шенон (англиски: Claude Elwood Shannon; 30 април 1916 - 24 февруари 2001) — американски научник и инженер. Меѓу поголемите откритија на овој научник спаѓаат и теоријата на инфомацијата и дизајнот на дигиталните сметачи и кола. Шенон е познат како втемелувач на теоријата на информациите со својот научен труд објавен во 1948 година. Исто така се смета како втемелувач на теоријата на дигиталниот сметач и теоријата на дизајнот на дигиталните кола. Како дваесет и едногодишен студент на МИТ напишал теза каде што докажува дека со примената на буловата алгебра на дигиталните електрични кола, можно е да се реши било кој логички или бројчен проблем.
Работел во градот Петоски во државата Мичиген. Како личен јунак и фигура на која се огледал бил Томас Едисон и уште во детството покажува творечки способности правејќи макети на авиони, телеграфски систем и макети на бродови кои ги управувал безжично.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.