From Wikipedia, the free encyclopedia
Климена (грчки: Κλυμένη) во старогрчката митологија била една од Океанидите, прамајка на целиот човечки род.
Климена била една од постарите Океаниди, и божица на честа и славата. Била мажена со титанот Јапет и според Хесиод, со него ги родила синовите Атлас, Прометеј, Епиметеј и Менетиј. Како и другите сопруги на титаните, веројатно и Климена била сметана за едно од божествата на Земјата. Со оглед на тоа дека ја нарекувале и Азија, можеби таа е епоним на хероината на Анадолија. Многу подоцна, ова име се поврзува со целиот континент. Интересен податок е дека никогаш не ја мешале со нимфата Климена, љубовницата на Хелиј, иако имаат исто име и исто потекло. Климена е опишувана и како придружничка на Хера. На античките вазни, Климена е насликана како стои до Хера, а пред Парис, веројатно како симбол на славата што би ја добил Парис доколку ја одберел Хера како најубава божица.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.