Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кетал е функционална група или молекула чиј реакционен дел се состои од јаглерод поврзан за два -OАлкил групи. Кеталите се еквиваленти на ацеталите и често се користи терминот "ацетал" и за двете молекули. Разликата помеѓу еден ацетал и кетал доаѓа од реакцијата која ја создала молекулата. Ацеталите обично се добиваат од производот на реакцијата на алдехид и вишок на алкохол, додека името "кетал" доаѓа од производот на реакцијата на кетон со вишок на алкохол. Иако овој термин е напуштен, тој е ставен од МСЧПХ како поткласа на ацетали.
Кеталите и ацеталите можат да се користат за јаглеродно-заштитни групи.
Иако постојат многу начини за синтеза на кетали, тие генерално се добиваат користејќи алкохол, кисел катализатор и каков било начин за отстранување на вода од реакцијата (на пример, Деан-Штарков апарат), со што реакцијата ќе се комплетира.
Кеталите и ацеталите можат, под кисели услови, да се претворат повторно во хемиацетал и алкохол, бидејќи целата реакција е во рамнотежа.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.