традиционално јадење на Балканот и во Турција From Wikipedia, the free encyclopedia
Качамак[1], бакрдан[2] или бакрданик е вид на традиционално јадење кое воглавно се прави од пченкарно брашно.[3]
Дел од оброкот | главно |
---|---|
Регион | Балкан |
Главни состојки | пченкарно брашно |
Варијанти | повеќе |
Ова јадење спаѓа во традиционалните јадења во Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, и Турција. Во качамакот може да се додаваат разни прилози како што се: сирење, месо, пржена свинска маст, пржена сланина, џимиринки, кисело млеко, слатко млеко, шеќер и кајмак.[4]
За да се заштеди на брашно, се додава компир, кој се вари до неговото распаѓање и се соединува со брашното во хомогена смеса.
Слични јадења како качамакот постојат и во другите краеви на Балканот, но под разни називи како: мамалига, жганци, пура, палента и полента[5]. Во Италија и западните земји постојат слични јадења кои исто така се викаат palenta или polenta, додека на југот на САД се викаат grits.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.