Кацојанев мост (грчки: Γεφύρι Κατσογιάννη), Милосов мост (Γεφύρι Μύλου) или Светиатанасиев мост (Γεφύρι του Αγίου Αθανασίου) — стар камен мост во Гребенско, Егејска Македонија.[1][2]
Кацојанев мост Γεφύρι Κατσογιάννη | |
---|---|
Координати | 40°1′3.1″N 21°17′58.7″E |
Преминува | Велонија |
Место | Тиста, Гребенско, Егејска Македонија |
Зашт. статус | споменик на културата |
Претходен | Тистенски мост |
Следен | Љатички мост |
Особености | |
Вид | лачен |
Материјал | камен |
Вкуп. должина | 50 м |
Ширина | 2,6 м |
Висина | 7 м |
Распони | 2 |
Историја | |
Завршен | 1800 - 1820 |
Местоположба | |
Мостот ја преминува реката Велониja, лева притока на Венетик. Се наоѓа на 2,5 км югоизточно од гребенското село Тиста и го поврзува со селата Мавран и Палеохор на источните возвишенија на Пинд. Со блискиот Љатички мост опслужува речиси иста маршрута. Наречен е по извесен Кацојанис, кој имал воденица по патот. Изграден е на почетокот на XIX век. Имал три лака, од кои средниот со висина од 7 м, а јужниот е уништен и заменет со армиранобетонска консрукција. Вкупната изворна должина на мостот изнесувала околу 50 м, со ширина од 2,6 м.[3][4][5] Денес зачуваниот дел е долг 38 м и широк 2,60 м.[6]
Во 1995 г. мостот е прогласен за споменик на културата.[7]
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.