Карбоксилна киселина

From Wikipedia, the free encyclopedia

Карбоксилна киселина

Карбоксилните киселини се органски киселини чија функционална група е карбоксилната група (-COOH). Таа се состои од ацил (карбонилна) група поврзана со хидроксилна група (OH), со тоа што кај мравската киселина за карбоксилната група е поврзан еден водороден атом наместо радикал. Општата формула на карбоксилните киселини е R-COOH. Тие се среќаваат во организмот на многу растенија (како коприви) и животни (како мравките).

Thumb
Структура на карбоксилна киселина.
Thumb
3D структура на карбоксилната група.
Thumb
Просторен модел на карбоксилната група.

Поделбата на карбоксилните киселини може да се прави на повеќе начини:

  • видот на радикалот: алифатични, ароматични киселини итн.
  • бројот на карбоксилните групи: монокарбоксилни, дикарбоксилни киселини итн.
  • супституирани карбоксилни киселини: хидрокси киселини, аминокиселини, оксикиселини итн.

Именување

Според МСЧПХ, едноставните алифатични монокарбоксилни киселини се именуваат вака: за основа се зема името на јаглеводород со ист број на C-атоми (во кој е вклучен и C-атомот од карбоксилната група) кон кое се додава наставката -ска киселина или -ова киселина. На пример:

CH3CH2COOH (пропанска киселина)
CH3CH2CH2CH2COOH (пентанска киселина).

Карбоксилната група е функционална група од највисок ранг и затоа при именувањето има предност пред сите други групи. Значи, ако во соединението има карбоксилна и други групи, тоа е супституирана киселина.

Добивање

Постојат многу постапки за синтетичко добивање на карбоксилните киселини. Најважни се:

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.