Кара Бунар
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кара Бунар (грчки: Μαυρονέρι, Мавронери, до 1926 Καρά Μπουνάρ, Кара Бунар)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Кара Бунар Μαυρονέρι | |
---|---|
Координати: 40°53′N 22°48′E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | м | 155
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 656 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото се наоѓа на 14 километри јужно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро и на 5 километри од Горчливото Езеро, на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 155 метри.
Кара Бунар опфаќа површина од 31 квадратни километри[3].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 35 семејства и 115 жители муслимани[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Кара Бунар имало 270 жители Турци[5].
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото муслиманско население било принудено да побегне од своите домови, додека во селото останале само 3 семејства. Муслиманското население заминало од селото кон Турција по потпишувањето на Лозанскиот договор, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година, селото било преименувано во Мавронери.[6]
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 445 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 767 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 709 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 766 жители, во 1971 година имало 569 жители, во 1981 година имало 664 жители, додека во 1991 година имало 671 жител. Денеска, населението на селото е 656 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 767 | 709 | 766 | 569 | 664 | 671 | — | 656 |
Бидејќи самото село се наоѓа на Солунско Поле, селото е богато со жито и памук. Населението се занимава и со сточарство.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.