From Wikipedia, the free encyclopedia
КК Универзитет Гоце Делчев е поранешен кошаркарски клуб од Штип, Македонија. Клубот една сезона се натпреварувал во Првата македонска кошаркарска лига. Клубот бил раководен од Универзитетскиот спортски центар - Гоце Делчев Штип.
Во 1967 г. професорот Методи Шишков ги започнал првите чекори во кошарката, така што собра дваесетина ученици од Гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип и ги започнал тренинзите во дворот на гимназијата. Идната година во Скопје се одиграле квалификациите за влегување во Првата кошаркарска лига во Македонија. Квалификациите успешно ги поминале и во Штип повторно заживеала кошарката. Кошаркарскиот клуб со име „Работник“ натпреварите ги играл во дворот на Гимназијата „Славчо Стојменски“. По 3-4 години натпреварите се играле во спортскиот комплекс „Џексон“. Почетните натпревари ги играле натпреварувачите: Благој Димов, Димитар Димитров, Миле Петковски, Љупчо Тасов, Љупчо Коцев, Павле Ѓоргиев, Делчо Толев, Мите Барбареов, Васе Ташков, Љупчо Арсов. Од 1975 г. се играло во салата на основното училиште во Карбинци. Тогаш тренер на екипата бил Раде Илиев. Натпреварите се играле и во Основното училиште „Тошо Арсов“, а екипата го носела името КК „Астибо“. Потоа тренинзите и натпреварите се изведувале и во Средното електротехничко училиште „Коле Нехтенин“, додека пак свој дом и вистински услови за работа, тренинг и натпревар добиле во 2008 година, кога спонзор на екипата станала Универзитетот „Гоце Делчев“. Натпреварите почнале да ги одржуваат во Спортската сала „Јордан Мијалков“.[1]
Гоце Делчев во сезоната 2009/10 во Втората лига завршил на третото место.[2] Во сезоната 2010/11, клубот завршил на четвртото место.[3] Во сезоната 2011/12, Гоце Делчев завршил на петтото место.[4] Во сезоната 2012/13 завршил на четвртото место во Втората лига.[5] Во сезоната 2013/14, Гоце Делчев завршил на првото место во Втората лига, со што обезбедил пласман во Првата лига.[6] Екипата иако во сезоната 2014/15 во Првата лига го одбегнала последното место кое водело до отпаѓање во Втората лига, клубот за следната сезона во Првата лига се повлекол од натпреварувањето поради финансиски причини и се приклучил во Втората лига.[7][8][9] Меѓутоа подоцна клубот го откажал учеството и во Втората лига и се распаднал.[10]
Тренер на екипата бил Делчо Толев.
број | име | висина см | позиција | години | националност | претходен клуб |
---|---|---|---|---|---|---|
6 | Мико Голубовиќ | 206 | Центар | 32 | Црна Гора | Челик |
67 | Никола Караколев | 197 | Бек | 27 | Македонија | Лирија |
8 | Даниел Калов | 204 | Крилен центар / Центар | 25 | Македонија | Куманово |
69 | Иван Јованов | 192 | Бек | 28 | Македонија | младински тим |
4 | Димитар Петрушев | 190 | Бек | 25 | Македонија | Тор АК |
21 | Бранислав Радак | 207 | Центар | 28 | Србија | Сутјеска |
88 | Стефан Крстевски | 190 | Плејмејкер | 21 | Македонија | Водњански Лисици |
15 | Димитар Делипетров | 200 | Центар / Крилен центар | 23 | Македонија | Борец Баскет |
10 | Петар Апцев | 199 | Крилен центар | 26 | Македонија | Пелистер |
7 | Ристе Стојанов | 196 | Крилен центар | 35 | Македонија | Овче Поле |
44 | Тодор Ивковиќ | 180 | Плејмејкер | 26 | Македонија | Овче Поле |
12 | Александар Давитков | 197 | Крилен центар | 32 | Македонија | КФИ |
5 | Дамјан Стојменов | 18 | Македонија | младински тим | ||
Виктор Марјанов | 193 | Крилен центар / Центар | 27 | Македонија | младински тим | |
5 | Влатко Андонов | 23 | Македонија | младински тим |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.