Ихтиман
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ихтиман (бугарски: Ихтиман) е град во Западна Бугарија, административен центар на општината Ихтиман во Софиската област. Има население околу 13.617 луѓе (2022).
Ихтиман Ихтиман | |
---|---|
град | |
Местоположба на Ихтиман во Бугарија | |
Координати: 42°26′14.56″N 23°48′58.91″E | |
Земја | Бугарија |
Област | Софија |
Општина | Ихтиман |
Управа | |
• Градоначалник | Калојан Илиев (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 90,89 км2 (35,09 ми2) |
Надм. вис. | м | 658
Население (2022) | |
• Вкупно | 13,617 |
• Густина | 150/км2 (390/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Повик. бр. | +359 0724 |
Мреж. место | ihtiman.bg |
Ихтиман се наоѓа во Ихтиманската котлина, која е опкружена со ридовите на Ихтиманска Средна Гора (од запад со Вакарелската планина, од север со ридот Белица, од исток ридот Ветрен, а од југ со Септемврискиот Рид). Ихтиманската котлина има просечна надморска височина од 650 m. Климата е умерено континентална.
Ихтиман се наоѓа на 54 км од главниот град Софија и 90 км од градот Пловдив. Покрај градот минуваат автопатот Тракија и железничката линија Софија—Пловдив—Свиленград.
Во минатото градот се нарекувал Стипон (од латински stipo — „густо“, „населувам“, исто така stipator — „караван“, „чувар“). Градот бил римска станица која го чувала важниот пат Виа Милитарис до Константинопол. Подоцна населбата била византиска и бугарска стражарска станица чија задача била да го чува преминот на Трајановата порта. На 17 август 986 година, веднаш под ѕидините на Штипон, војската на византискиот император Василиј II билa поразенa од војниците на цар Самуил.[1]
Во 1371 година Штипон бил заробен од трупите на отоманскиот водач Лала Шахин. По османлиската инвазија, името на градот со текот на времето се променило во современиот Ихтиман. По долги напори во 1835 година во Ихтиман била изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“. На 25 декември 1877 година трупите на генерал Гурко заедно со генералот Шувалов го ослободиле градот.
Според одлуките на Берлинскиот конгрес Ихтиман и неговата околина останале во границите на Источна Румелија. Населението на Ихтиманско земало активно учество во борбата за Соединувањето кое било објавено на 6 септември 1885 година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.