From Wikipedia, the free encyclopedia
Интернационални бригади или Меѓународни бригади (шпански: Brigadas Internacionales) — воени единици формирани од Комунистичката интернационала за да ѝ помогнат на владата на Народен фронт во Втората шпанска република за време на Шпанската граѓанска војна. Организацијата постоела две години, од 1936 до 1938 година. Се проценува дека за време на целата војна помеѓу 40 илјади и 59 илјади луѓе учествувале во Интернационалните бригади, од кои 15 илјади загинале во борба.[1]
Интернационални бригади | |
---|---|
Амблемот на Интернационалните бригади | |
Активна | Предлошка:Start and end date |
Земја | Албанија, Франција, Италија, Германија, Полска, САД, Ирска, Југославија, Обединето Кралство, Белгија, Канада, Куба, Чехословачка, Унгарија, Мексико, Аргентина, Холандија, и др... |
Припадност | |
Вид | Пешадија |
Улога | Паравојска |
Големина | помеѓу 40,000 и 59,000 |
Штаб | Албасете |
Гесло |
|
Битки | Шпанска граѓанска војна |
Обележја | |
Знаме |
Бригадите учествувале во битките за Мадрид, Харама, Гвадалахара, Брунете, Белчите, Теруел, Арагон и Ебро. Повеќето од нив завршиле со пораз за Интернационалните бригади. Во последната година од своето постоење, Интернационалните бригади биле интегрирани во Шпанската републиканска армија, како дел од Шпанската странска легија. Организацијата била распуштена на 23 септември 1938 година од шпанскиот премиер Хуан Негрин во негов залуден обид да добие поголема поддршка од либералните демократии во Комитетот за неинтервенција.
Интернационалните бригади биле силно поддржани од Коминтерната и ја претставувале определбата на Советскиот Сојуз да ѝ помогне на Шпанија со оружје, логистика, воени советници и преку НКВД, исто како што фашистичка Италија, фашистичка Португалија и нацистичка Германија им помагале на националистите кои се бореле против тогашната шпанска влада.[2] Најголем број доброволци дошле од Франција (каде Француската комунистичка партија имала големо членство) и прогонети комунисти од Италија и Германија. Учествувале и многу Евреи од англофонските земји и од Источна Европа.[3]
Републиканските доброволци кои биле против сталинизмот не се приклучиле на бригадите, туку се влеале во Народен фронт, во Работничката партија за марксистичко обединување (формирана од троцкистички, букаринистички и други антисталинистички групи, кои не ги делеле Шпанците и странските доброволци, меѓу кои бил и Џорџ Орвел),[4] или пак во анархо-синдикалистички групи како што се Колоната Дурути, Интернационалното здружение на работниците и Националната конфедерација на трудот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.