Извор (Кичевско)

село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia

Извор (Кичевско)map

Извор — село во областа Копачка, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

За други значења на поимот Извор, видете на појаснителната страница
Кратки факти
Извор
Thumb

Поглед на селото од патот кон Кленоец

Thumb
Извор
Местоположба на Извор во Македонија
Извор на карта

Thumb

Координати 41°28′40″N 20°49′12″E
Регион Југозападен
Општина Кичево
ОбластКопачка
Население11 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.6261
Повик. бр.045
Шифра на КО
Извор на општинската карта
Thumb

Атарот на Извор во рамките на општината
Извор на Ризницата
Затвори

Географија и местоположба

Thumb
Поглед кон изворот на реката Треска

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, на самиот пат Кичево-Охрид, во изворишното сливно подрачје на реката Треска.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 745 метри. Од градот Кичево е оддалечено 14 километри.[2]

Младото село Извор се наоѓа на патот Кичево-Охрид и на некогашното железничка линија со тесен колосек до Охрид. Основано е во горниот дел на долината на Треска, околу врелото Извор, по кого го добило и името. Земјиштето на кое е основано селото било атар на соседното планинско село Душегубица.[3]

Селото се наоѓа во областа Горна Копачка, на реката Треска.

Историја

Селото било основано по Втората светска војна, околу некогашната железничка станица на пругата Кичево-Охрид.[3]

По капитулацијата на Италија во Втората светска војна кај селото се воделе борби меѓу партизанските единици и фашистичката војска. На 5 октомври 1943 година борбата траела цел ден, по што поголем дел од фашистичките војски биле протерани од селото и од Кичево. За време на борбите селото Извор е палено неколкупати. Најжестоките борби за ослободување на кичевскиот регион, а со тоа и на селото Извор се воделе во мај 1944 година.

На 26 ноември 1943 година, во селото е создаден Првиот косовски народноослободителен баталјон „Рамиз Садику“.[4]

Стопанство

Селото нема сопствен атар, туку го потпаѓа под атарот на селата Горна и Долна Душегубица, поради што нема одделни катастарски податоци.[2]

Во минатото, во селото постоело сточарската задруга „Копачка“ со околу 4.500 овци. Зиме овците биле носени во селата Витанци и во Попадија.[3]

Откако започнала изградбата на автопатот Кичево-Охрид, во селото се наоѓа базата на кинеските работници од претпријатието „Синохидро“, кои го градат автопатот.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194855    
195395+72.7%
1961163+71.6%
1971132−19.0%
198193−29.5%
ГодинаНас.±%
199157−38.7%
199452−8.8%
200249−5.8%
202111−77.6%
Затвори

Во 1961 година, селото броело 163 жители, главно, доселени од околните места, а во 1994 година имало само 52 жители, од кои 50 Македонци и двајца Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Извор живееле 49 жители, од кои 48 Македонци и 1 Србин.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, од кои 10 Македонци и 1 останат.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 55 95 163 132 93 57 52 49 11
Затвори
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови

Македонското население потекнува од доселеници од околните планински села: Душегубица[10] и Кленоец. Сепак поголемиот дел доаѓа од првото село (околу 30 к.).[3]

Општествени установи

Thumb
Поранешната пошта во селото
  • Поранешна пошта
  • Полициско одделение „Извор“[11]

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било седиште на тогашната Општина Извор, во која покрај селото Извор, се наоѓале и селата Горна и Долна Душегубица, Ехлоец, Иванчишта, Кленоец, Малкоец и Попоец.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0768 според Државната изборна комисија, сместено во училишната зграда. Во ова избирачко место е опфатено и селото Кленоец.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи.[13] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.[15]

Личности

Личности родени во Извор:

Културни и природни знаменитости

Цркви[16]
  • Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — црква во изградба, камен-темелник поставен на 30 октомври 2023 година
Споменици
Реки[17]

Иселеништво

Иселеници од Извор има во прилепското село Житоше: Китаноски (2 к.) и Стрезоски (1 к.), преселени во 1954 година.[3]

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.