Долна Душегубица
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
Долна Душегубица — село во областа Копачка, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Охрид. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.
Долна Душегубица | |
Поглед на селото со автопатот Кичево-Охрид во изградба (во позадина) | |
Координати 41°30′0″N 20°49′0″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Кичево |
Област | Копачка |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 6261 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 12017 |
Долна Душегубица на општинската карта Атарот на Долна Душегубица во рамките на општината | |
Долна Душегубица на Ризницата |
Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, во изворишниот дел на реката Треска, а на јужните падини на планината Бистра.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Кичево е оддалечено 14 километри, а од патот Кичево-Охрид околу 2 километри.[2]
Куќите во ова село се наоѓаат на издигнати тераси, високи над 950 метри. Околни села се: Лавчани, Извор и Кленоец.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Староец, Вирои, Речиште, Круша и други.[3]
Селото има збиен тип. Не постојат маала, бидејќи се работи за мало село.[3]
Сместено е во областа Горна Копачка, во подножјето на планината Бистра.
Мештаните наведуваат дека Душегубица е старо село. Во историските извори, историчарот М. Пурковиќ претпоставува дека е споменато околу 1300 година, кога е спомената „воденица под Душегубица“.[3]
Други историски извори се турските пописни дефтери од 1476/77 година, кога е споменато под името Душица и имало 53 куќи.[3]
Во месноста Косов Рид се среќаваат руини од стар храм. Селото порано било сместено во месноста Старо Село, кое било напуштено поради насилство.[3]
Во XIX век, Долна Душегубица било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
Атарот е заеднички со селото Горна Душегубица. Тој зафаќа простор од 19 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 970,8 хектари, на шумите отпаѓаат 823,1 хектар, а на обработливото земјиште само 69,3 хектари.[2]
Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Душегубица (Горна и Долна) и Кленоец имало 580 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Душегубица имало 240 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото заедно со Горна Душегубица имале 350 Македонци.[6]
Инаку, Долна Душегубица е мало село, кое што уште во 1971 година броело 78 жители, а во 1994 година уште помалку, само 15 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Долна Душегубица живееле 11 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Долна Душегубица е македонско православно село.[3]
Родови во селото се: Трпевци, Картаровци, Мојсовци, Китановци и уште некои други, сите заедно имаат 59 куќи. Сите се староседелски родови.
Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Долна Душегубица, се наоѓале и селата Горна Душегубица, Ехлоец, Иванчишта, Извор, Кленоец, Малкоец и Попоец.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0761 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селскиот дом во селото Горна Душегубица, во кое влегуваат селата Горна и Долна Душегубица.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[13] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[15]
Од Душегубица имало често иселување на населението. Родот Поповци (2 к.) кон крајот на XIX век преминало во мијачкото село Росоки. Поголеми иселувања имало по Втората светска војна, кога одредени домаќинства се преселиле во пониските кичевски села, како Извор, Другово и Староец. Родот Новевци (2 к.) во 1964 година се иселил во селото Степанци.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.