југословенски и босанско-херцеговски фудбалер и тренер From Wikipedia, the free encyclopedia
Ивица Осим (Сараево, 6 мај 1941 - Грац, 1 мај 2022 ) — босански фудбалер и тренер.
Ивица Осим | |
---|---|
Осим дава интервју во 1999 | |
Претседател на комитетот за нормализација на Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина | |
На должноста 18 април 2011 – 13 декември 2012 | |
Претходник | Сулејман Чолаковиќ Богдан Чеко Иљо Доминковиќ (како членови на Претседателството) |
Наследник | Елведин Бегиќ (како сам претседател) |
Лични податоци | |
Роден(а) | Иван Осим 6 мај 1941 Сараево, Независна Држава Хрватска (денес Босна и Херцеговина) |
Починал(а) | 1 мај 2022 80) Грац, Австрија | (возр.
Националност | босанска |
Народност | Бошњак |
Сопружник | Асима Осим (в. 1965) |
Деца | 3, меѓу кои и Амар |
Родители |
|
Ивица Осим | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лични податоци | |||||||||||||||
Позиција | среден ред | ||||||||||||||
Младинска кариера | |||||||||||||||
1954–1959 | Железничар | ||||||||||||||
Кариера* | |||||||||||||||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) | ||||||||||||
1959–1968 | Железничар | 166 | (56) | ||||||||||||
1968 | Цволше бојс | 2 | (0) | ||||||||||||
1969–1970 | Железничар | 54 | (9) | ||||||||||||
1970–1972 | Стразбур | 58 | (16) | ||||||||||||
1972–1975 | Седан | 105 | (16) | ||||||||||||
1975–1976 | Валенсиен | 30 | (1) | ||||||||||||
1976–1978 | Стразбур | 32 | (4) | ||||||||||||
Вкупно | 447 | (102) | |||||||||||||
Репрезентација | |||||||||||||||
1964–1969 | Југославија | 16 | (8) | ||||||||||||
Тренер на екипи | |||||||||||||||
1978–1986 | Железничар | ||||||||||||||
1986–1992 | Југославија | ||||||||||||||
1991–1992 | Партизан | ||||||||||||||
1992–1994 | Панатанаикос | ||||||||||||||
1994–2002 | Штурм Грац | ||||||||||||||
2003–2006 | ЏЕФ Јунајтед Чиба | ||||||||||||||
2006–2007 | Јапонија | ||||||||||||||
Успеси
|
Почнал да тренира фудбал во младинската школа на сараевски Железничар, каде што ја започнал својата сениорска кариера во 1959 година. За Железничар одиграл 166 натпревари и постигнал 56 голови. Во 1968 година заминал во холандскиот Цволше Бојс за кој играл само три месеци поради проблем со повреда на коленото. Потоа се вратил во Железничар, а во 1970 година заминал во Франција каде играл за ФК Стразбур, КС Седан и ФК Валенсиен. Кариерата ја завршил во 1978 година во Стразбур.
За југословенската репрезентација одиграл 16 натпревари и постигнал 8 гола. За репрезентацијата дебитирал на 13 октомври 1964 година на Олимписките игри во Токио против Мароко (3-1).[1]
Веднаш по завршувањето на играчката кариера, ја започнал тренерската кариера во Железничар во 1978 година. На Олимписките игри во 1984 година, бил помошник на Иван Топлак во југословенскиот олимписки тим, кој го освоил бронзениот медал. Од 1986 година бил селектор на југословенската репрезентација со која настапувал на Светското првенство во Италија 1990 година. Од 1991 до 1992 година заедно со репрезентацијата го водел и белградски Партизан. Во мај 1992 година, поднел оставка како селектор на југословенската репрезентација.
Потоа заминал во Грција, каде за две години со Панатинаикос го освоил по еден грчки куп и еден супер куп. Помеѓу 1994 и 2002 година, бил тренер на Штурм Грац. Со Штурм двапати ја освои Бундеслигата, Суперкупот и еден Куп. Од 2003 година работел во Јапонија, каде што го презел ЏЕФ Јунајтед, со кој ја освоил јапонската лига во 2005 година. Во ЏЕФ Јунајтед работел до 2006 година кога ја презел јапонската репрезентација. Репрезентацијата ја водел на Азискиот куп 2007 година. На 16 ноември 2007 година доживеал мозочен удар[2] и по закрепнувањето престанал да работи како тренер.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.