Ибероромански јазици
гранка на романските јазици From Wikipedia, the free encyclopedia
Ибероромански јазици или ибериски јазици[1] — група романски јазици со потекло од Пиринејскиот Полуостров или Иберија (денешна Шпанија, Португалија, Гибралтар и Андора) и јужна Франција.
Ибероромански јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | изворно на Пиинејскиот Полуостров и јужна Франција; денес ширум светот |
Класификација: | индоевропски
|
Гранки: |
окситанско-романска (источноибериска)
западноибериска
Pyrenean–мозарапска
|
Најзастапени ибероромански јазици се шпанскиот, португалскиот, каталонскиот и галисискиот[2] — секој од нив со своите дијалекти и месни говори. Според заеморазбирливоста, Далби вбројува седум јазици: португалски, шпански, астурлеонски, арагонски, каталонски, провансалски и гаскоњски.[3]
Потекло и развој

Како и останатите романски јазици,[4] иберороманските јазици водат потекло од народниот (вулгарен) латински. Ова е нестандардниот (за разлика од класичниот латински) облик на латинскиот јазик кој го говереле војниците и трговците низ Римското Царство. Со ширењето на царството, овој станал матичен јазик на народите од покорените територии. Латинскиот и неговите потомци се говорат на Пиринејскиот Полуостров уште од времето на Пунските војни, кога Римјаните ја зазеле оваа територија[5].
Современите ибероромански јазици се создадени со следниов развој:
- латинизација на населението на Иберија.[6]
- јавување на повеќе видоизменети облици на латинскиот во Иберија, со мали разлики според местото.[7]
- VIII - X век: прераснување на латинските варијанти во старошпански, галисиско-португалски, астурлеонски и наварско-арагонски (западноибериски јазици), како и првобитниот каталонски јазик. Генетската класификација на првобитниот каталонски и окситански не е со утврдена со сигурност. Некои стручњаци сметаат дека предокот е ибероромански (затоа источноибериски), додека пак други сметаат дека е галороманскиот.[8][9][10]
- XV - XX век: понатамошен развој до денешните кастиљски, португалски, галисиски, каталонски, астурски, леонски, мирандски итн.
Лоза
фала
астурлеонски
кастиљски
Иберороманските јазици се договорна група. Многу стручњаци го користат поимот во чисто географска смисла, без да мора да значи дека сите припаѓаат во едно филогенетско колено (т.е. не мора да се од ист предок). Некои автори претпоставуваат источноибериските (окситанско-романски) се посродни на јазиците во северна Италија (или франкопровансалскиот, оилските јазици и ретороманските). Ова е најприфатеното географско групирање на иберороманските јазици:
- источноибериски
- западноибериски
† означува изумрен јазик
- Ибероромански јазици се следниве:
- источноибериски (некои ги сметаат за галоромански јазици)
- каталонски
- јудеокаталонски†
- окситански
- западноибериски
- астурлеонски
- астурски
- кантабриски
- естремадурски
- леонски
- мирандски
- кастиљски
- шпански
- јудеошпански (ладино)
- галисиско-португалски
- наварско-арагонски†
- арагонски
- јудеоарагонски†
- астурлеонски
- мозарапски†
- источноибериски (некои ги сметаат за галоромански јазици)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.