Злешево
село во Општина Струмица From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Струмица From Wikipedia, the free encyclopedia
Злешево — напуштено село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.
Злешево | |
Координати 41°21′15″N 22°34′26″E | |
Општина | Струмица |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 27031 |
Надм. вис. | 480 мнв м |
Злешево на општинската карта Атарот на Злешево во рамките на општината | |
Злешево на Ризницата |
Злешево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 16 километри.
Надморската височина во селото е 480 метри.
Селото се граничи со Костурино, Чепели, Раброво, Валандово, Пирава.
Селото е споменето во делото на Јован и Константин Драгаш во 1374 година според кое Константин го одзел селото од властта на Дабижив и го подарил на манастирот Свети Пантелејмон на Атос.[2]
Во османлиско време се споменува во 1621 година под името Излешева со 13 домаќинства. Во текот на XIX век селото било населено со турско население како дел од Струмичката каза.[3]
Во XIX век селото било дел од Струмичката каза на Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Злешево живееле 185 жители, сите Турци.[4]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Злешово живееле 360 жители, Турци и Македонци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Турци.[6]
Селото е иселено по 1961 година, кога броело 547 жители, сите Турци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 185 | — | 454 | 547 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.