Раброво
село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia
Раброво — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Раброво | |
Воздушен поглед на селото | |
Координати 41°19′17″N 22°34′44″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Валандово |
Област | Бојмија |
Население | 248 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2460 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 04018 |
Надм. вис. | 160 м |
Раброво на општинската карта Атарот на Раброво во рамките на општината | |
Раброво на Ризницата |
Името на селото првпат е споменато како „Храброво“ во XVI век. Се претпоставува дека тоа име потекнува од машкото лично име „(Х)Рабро“, што првобитно имало значење на „храбар“ и „смел“, а од XVI век и како „вереник“ и „младоженец“.[2]
Селото се наоѓа во областа Бојмија, во средишниот дел на територијата на Општина Валандово, непосредно источно од самиот град Валандово, на оддалеченост од само два километри.[3] Селото се наоѓа непосредно до патот Валандово-Струмица. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 160 метри.[3]
Покрај селото поминува регионалниот пат 1105, кој го поврзува гевгелиското село Миравци со граничниот премин „Дојран“.
Подрачјето на Раброво е населено барем од средниот век, за што сведочат остатоците од рудникот на наоѓалиштето Ковачилница, источно од селото.[4]
Првпат селото е споменато во XV век, пред доаѓањето на Османлиите на овие простори. Во XVI век е споменато под името Храброво,[2] со 60 христијански и 7 муслимански семејства.
За време на турското владеење било населено само со муслиманско население, бидејќи Македонците под притисок го напуштиле селото.
На етнографската карта од 1912 година е обележано само со муслиманско население. Во Раброво, Турци имало до 1960 година кога се иселуваат во Турција. На нивно место дошле нови жители, Македонци од Беровско и од Кривопаланечко, како и од Струмичко.
Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[5]
Атарот зафаќа површина од 10 км2. На него шумите заземаат површина од 459 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 337 хектари, а на пасиштата 130 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3] Селото претходно имала рударска функција, бидејќи на нејзиниот атар се вадела хромна руда.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 40 домаќинства со 41 жител христијан и 90 жители муслимани.[6]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Раброво имало 280 жители, од кои 60 Македонци и 220 Турци.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Раброво имало 64 жители.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци и 25 до 50 Турци.[9]
Селото е мало, но со пораст на населението. Во 1961 година селото имало 160 жители, од кои 116 биле Македонци, а 33 жители Срби. Во 1994 година, бројот се зголемил на 271 жител, од кои 261 Македонец и 10 жители Срби.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Раброво имало 274 жители, од кои 264 Македонци, 9 Срби и 1 Ром.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 248 жители, од кои 230 Македонци, 2 Срби, 1 останат и 15 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 280 | 64 | 175 | 249 | 160 | 216 | 282 | 267 | 271 | 274 | 248 |
Во XIX век, Раброво било македонско-турско село во рамките на Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Раброво се наоѓале градот Валандово и селата Балинци, Брајковци, Грчиште, Марвинци, Пирава и Честово. Во периодот 1950-1952, селото било дел на некогашната Валандовска градска општина, во која влегувале градот Валандово и селата Дедели, Раброво и Честово.
Во селото постои избирачкото место бр. 0296 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на продавницата.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 240 гласачи.[17]
Во селото постои фудбалскиот клуб ФК Илинден.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.