Златоврв
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Златоврв — планински врв висок со надморска височина од 1.422 м,[1] кој се наоѓа непосредно над манастирот Трескавец во околината на Прилеп на планината Злато. Врвот името го добил поради отсјајот од сонцето кое при изгревањето заради источната поставеност и голите гранитни карпи од полето во Пелагонија изгледа како да блеска злато. Другoто предание кое го запишал Ѓорче Петров е дека името доаѓа од златното јаболко кое е поставено на громобран (дирек) на врвот[2].
Златоврв е всушност највисокиот врв на планината Злато која се одделува како источна огранка на планината Бабуна кај селото Присад и се протега во речиси напореднички правец исток-запад со мала искривеност кон југ. Тоа детално го опишал Ѓорче Петров кој запишал дека кај с.Присад, на местото каде што за првпат го изменува изгледот, Бабуна испушта рамка, повисока од неа, која што на почетокот претствува едно високо купче[2]. Со веригата тоа купче е соединето преку еден кус, како шија, гребен, долг до ½ час, а од озгора и се издигнува Златоврв. Последниот претставува една валчеста карпа, вертикална и висока до ½ час, со обиколка на основата од исто ½ час[2]. Нагоре, врвот постепено се стеснува и завршува со една плоча со пречник од 1 ½ метар, која што се клати. Среде плочата е исправен дирек, врз којшто имало златно јаболко, по што и врвот се нарекол Златоврв.[2]. Златоврв е највисокиот врв во Прилепско, после Козјак; од подножјето на планината до горе има до 2 ½ часа[2]. Тој се гледа дури и од битолскиот Баир. Меѓу повисоките и помасивните од него врвови Јакупица и Козјак, кои се натпреваруваат да го достигнат небесното синило, тој изгледа како едно иглесто возвишение, средно меѓу нив по височина. Златоврв е минијатурен планински јазол[2]. Од него рамката се разделува на 3 дела: Дабничката Планина меѓу Дабничката и Оревоечката Река. Од падината и потекува Дабничката Река којаго пресекува Прилеп од север кон југ, а под северните поли минува велешкиот пат. Заградската, која што се спушта на запад – југозапад речиси паралелно на Мукос со којшто заградуваат еден кат од Прилепското Поле, долг до 2 часа и широк 15 – 20 минути, кој накај Златоврв постепено се стеснува. Во западниот крај таа испушта кон југ ниска и плосната рамка Ридот, којшто се спушта дури до с. Коњари, 2 часа на запад од Прилеп. Под агол со двете се испушта право на југ, трета рамка, која што завршува ¼ час на северозапад од Прилеп со врвот Маркови Кули, при чиишто јужни поли е залепено с. Варош[2]. Во неговиот агол со првата рамка тече Дабничката Река, а во аголот со втората – заградското поленце. Целата таа група е сосема карпеста и лишена од дрвја. Леските и тревата по рамнините ја сочинуваат единствената растителност. Сепак, во неодамнешни времиња тие биле покриени со големи дабје
Искачувањето до Златоврв од манастирот Трескавец, е прилично тешко, па дури и опасно, поради условите на самиот терен како што се големата стрмнина на карпите меѓу кои има големи процепи, а кои можат да бидат многу лизгави во услови на дожд, снег и мраз. Тргнувајќи од полјанката зад манастирските штали со мало заобиколување кон север, до врвот се искачува за 20 до 30 минути. Друга можност е искачување преку карпите веднаш зад манастирските конаци. Според записите на Ѓорче Петров љубопитните посетители се искачувале на него по издлабени стапки во карпата[2]. Поради високата стрмнина на карпите искачувањето е рамно скоро на алпинизам.
Во убаво сончево и ведро време од врвот се пружа прекрасна глетка кон север на целата јужна страна од масивот Мокра односно планините Јакупица и Даутица со врвот Солунска Глава, планината Бабуна со врвот Мукос па дури и Титов Врв на Шар Планина на северозапад. На запад и кон југ се отвора целото Прилепско Поле во Пелагонија оградено од Бушева Планина на која е Крушево, а потоа и Пелистер на југозапад. Кон југ се гледа целата Селечка Планина со врвовиет Бидимаш и Висока зад која е Ниџе со врвот Кајмакчалан. Кон исток се гледа превојот Плетвар, вештачкото Прилепско Езеро и Дабничката Планина, зад кои може да се забележи и врвот Зеленбрег на планината Кожуф.
Врвот името го добил поради отсјајот од сонцето кое при изгревањето заради источната поставеност и голите гранитни карпи од полето во Пелагонија изгледа како да блеска злато. Другoто предание кое го запишал Ѓорче Петров е дека името доаѓа од златното јаболко кое е поставено на громобран (дирек) на една плоча на врвот[2]. Громобранот користел златна топка за привлекување на атмосферскиот електрицитет. Инаку и самото име "Трескавец" потекнува од фактот што во тоа место има чести и силни грмотевици.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.