Remove ads
политичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Епаминонда Поп-Aндонов (Струмица, 1898 - Софија,[1] 1968) бил учесник во НОБ и прв повереник за просвета во Президиумот на АСНОМ.
Завршил основно и средно училиште во Струмица и во Скопје. Дипломирал на Философскиот факултет во Белград во 1922 година. Меѓу двете светски војни бил професор по филозофија, психологија и француски јазик во повеќе места (Струмица, Бања Лука, Сараево, Врање, Скопје).
Во текот на НОВ Попандонов е член на АНОК, кој во 1943 година го пишува Приговорот кон Манифестот на Главниот штаб.[2] Во пролетта 1944 година станува член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и учествува на Првото заседание на АСНОМ. На него е избран во Президиумот на АСНОМ, во кој ја извршува функцијата повереник за просвета.[3] Во септември 1944 година станува член на КПМ.
На Второто заседание на АСНОМ, во декември 1944 година, Попандонов е избран за еден од двајцата секретари на Президиумот на АСНОМ.[4]
При трансформацијата на Президиумот на АСНОМ во Президиум на Народното собрание на Македонија што се случи на Третото заседание на АСНОМ, одржано од 14 до 16 април 1945, Попандонов не е избран за член и пополека е маргинализиран од раководството.
До крајот на животот работи во просветни институции. Во периодот 1948-1951 е директор на Народната библиотека во Скопје,[5] а од 1952-1966 предава на Педагошкиот факултет во Скопје.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.