Емил Рајковиќ (роден 11 септември 1978 во Скопје) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец, и тековен тренер без ангажман и поранешен изборник на казахстанската репрезентација.

Кратки факти Емил Рајковиќ, Позиција ...
Емил Рајковиќ
Thumb
ПозицијаБек шутер (како кошаркар)
Тренер
Висина1,96 м
Тежинакг
Број5
Роден11 септември 1978(1978-09-11)(46 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера1996–2005
Клубови
Како играч:
1996-1997Работнички
1997-1998Куманово
1998-2002Работнички
2002Вардар
2003Нир Ист
2003-2004МЗТ Аеродром
2004-2005ФОН
Како тренер:
2005–2006Тоа Сум Јас
2006-2007Фени Индустри
(тренер)
2007-2012Фени Индустри
2013–2014Работнички
2014-2016Сласк Вроцлав
2016МЗТ Аеродром
2016-2018Стал Острув Вјелкополски
2018-2021Астана
2019-2020Казахстан
Репрезентација
Инфо од: 01.06.2021.
Затвори

Историја

Играчка кариера

Својата кариера ја започнал во Работнички во сезоната 1996/97. За сезоната 1997/98, Рајковиќ се преместил во Куманово. За следната сезона, Емил се вратил во Работнички со кој го освоил Првенството 1999 и 2001.[1] Следната сезона играл сè уште во Работнички, станувајќи вицепрвак во Купот 2002 и првак во Првенството. Сезоната 2002/03, потпишал за Вардар.[2] Но за време на таа полусезона, Емил Рајковиќ го напуштил Вардар.[3] Во јануари 2003 година, Рајковиќ потпишал за грчки Нир Ист.[1] За сезоната 2002/04, тој се вратил во Македонија, поточно во МЗТ Аеродром. Во сезоната 2004/05, Рајковиќ настапувал за струшки Фон.

Тренерска клупска кариера

Рајковиќ од 2003 до 2005 година бил тренер младинската школа на Торус. За сезоната 2005/06 станал помошник тренер на прволигашот Тоа Сум Јас.[1][4] За сезоната 2006/07, Емил станал помошник тренер во Фени Индустри, каде останал на таа позиција сè до Супер лигата и станал главен тренер. Во сезоната 2007/08, Рајковиќ со Фени ја Купот 2008 и Првенството. Следната сезона бил вицепрвак во Лигата. Во сезоната 2009/10, Емил Рајковиќ повторно ја освоил двојната круна со Фени. Во следната сезона, Рајковиќ ја одбранил титулата во домашното Првенство, и исто така ја освоил Балканската лига во истата сезона. Во сезоната 2011/12, Рајковиќ со Фени бил вицепрвак во Лигата и Купот. Сезоната 2012/13 ја започнал во Фени Индустри, но во јануари 2013 година потпишал две и пол годишен договор со Работнички.[5][6] Со Работнички бил вицепрвак во сезоната 2013/14. Во јули 2014 година, Рајковиќ потпишал за полски Сласк Вроцлав,[7] Рајковиќ во Сласк бил тренер сè до елиминацијата во разигрувањето кога го напуштил кормилото.[8] За следната сезона, Емил повторно станал тренер на Сласк.[9] Во јуни 2016 година, Емил потпишал за МЗТ Аеродром.[10][11][12] Со МЗТ, Рајковиќ со освоил Суперкупот на Македонија 2016. Поради лошите резултати во АБА лигата, Рајковиќ си дал оставка како тренер од клубот.[13][14][15] Веднаш потоа Емил се вратил во Полска и потпишал за Стал Острув Вјелкополски.[16][17] За сезоната 2017/18, Рајковиќ со Стал станал вицепрвак во полското првенство.[18][19] Во јули 2018 година, Рајковиќ ја сменил средината и потпишал за Астана од Казахстан.[20][21] За сезоната 2019/20, Рајковиќ продолжил како тренер на Астана.[22][23] Таа сезона Рајковиќ не ја завршил до крај бидејќи домашното казахстанско првенство и ВТБ лигата, со одлука на нивните извршни органи во март, биле принудени да се прекинат поради ширењето на COVID-19.[24] На крајот на мај, казахстанската федерација службено го прекинала првенството и ја прогласила Астана, а со тоа и Рајковиќ, како првак.[25][26] Во март 2021 година, Рајковиќ и Астана со освоиле Купот на Казахстан.[27] По освојувањето на третата првенствена титула,[28] тој ја напуштил КК Астана и се вратил во Македонија.[29]

Тренерска репрезентативна кариера

Во ноември 2019 година, Кошаркарската Федерација на Казахстан го поставила Рајковиќ за избирач на казахстанската репрезентација.[30][31]

Успеси

Играчки титули

Македонија Работнички

Тренерски титули

Македонија Фени Индустри

Македонија МЗТ Аеродром

Казахстан Астана

  • Казахстанско првенство (3) : 2018/19, 2019/20, 2020/21
  • Казахстански куп (2) : 2019, 2021

Признанија

  • Тренер на сезоната 2007/08[32]
  • Македонски тренер на годината 2008[33][34]
  • Македонски тренер на годината 2010[35][36]
  • Тренер на сезоната 2010/11[37]
  • Македонски тренер на годината 2014[38][39]
  • Тренер на ВТБ лигата во сезоната 2018/19[40][41]
  • Македонски тренер на годината во странство 2019[42][43]

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.