Едрениково
село во Општина Василево From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Василево From Wikipedia, the free encyclopedia
Едрениково — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.
Едрениково | |
Влезот во Едрениково | |
Координати 41°30′20″N 22°35′15″E | |
Општина | Општина Василево |
Население | 166 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 27030 |
Надм. вис. | 282 м |
Слава | Ѓурѓовден |
Едрениково на општинската карта Атарот на Едрениково во рамките на општината | |
Едрениково на Ризницата |
Едрениково се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во подножјето на планината Смрдеш, на десната страна од патот Струмица-Радовиш и припаѓа на Општина Василево. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 11 километри.
Надморската височина во селото е 282 метри додека селото зафаќа површина од 4,3 км2. Од нив 142,4 хектари се обработливо земјиште, 260,9 хектари се шуми и 4,9 се пасишта[2]
Ова населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Пашаларка, што се наоѓа југоисточно од населбата. Претставува населба од доцноантичкото време. Се наоѓа 1,5 км југоисточно од селото и десно од патот за селото Ангелци, каде на простор од околу 100 х 100 m во приватна нива има голем број фрагменти од населбинска керамика, питоси и друго[3]. Според некои сознанија, името на селото е изведено од машкото лично име Едреник.
Едрениково за првпат се спомнува под името Едреник Дол. Во текот на XIX век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 30 семејства и 115 жители Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 60 жители Македонци[4][6].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 72 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[4][7]. Подоцна, во 1912 година селото било обележано со топонимот Едрениково и тоа населено само со македонско население. Тогаш населбата била мала, стуткана во својот сопствен простор, малку подалеку од главната сообракајница.
Ова населено место во историјата е познато по битката на комитската чета на војводата Иван Тодев, познат уште како Бељал Чауш[8].
По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. Во текот на Втората светска војна, во селото бил формиран НОО од страна на Киро Минанов[8]. По крајот на Втората светска војна, Едрениково било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.
По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[9]
Во 1961 година селото имало 282 жители, сите Македонци. Во 1994 година во селото живееле 228 луѓе, сите Македонци[2].
На пописот од 2002 година, селото имало 225 жители. Следува табела на националната структура на населението[10]
Националност | Вкупно |
Македонци | 224 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 1 |
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Едрениково има 166 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 125 |
Албанци | 0 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 41 |
Во селото постои избирачкото место бр. 1794 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 171 гласач.[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.