From Wikipedia, the free encyclopedia
Според звучноста согласките се делат на безвучни, звучни и сонатни. Безвучните и звучните согласки образуваат таканаречени корелативни парови. Секоја безвучна согласка, освен х, има свој звучен парник. Тие парови се:
корелативни парови | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
звучна: | б | д | г | в | з | ж | (-) | ѕ | џ | ѓ |
безвучна: | п | т | к | ф | с | ш | (х) | ц | ч | ќ |
Македонска фонетика и фонологија |
---|
Гласови
Писмо
Поврзано
|
Звучните и безвучните согласки се едначат по звучност кога ќе се најдат во непосреден допир. Едначењето се врши спрема втората согласка. Звучните согласки пред безвучните се менуваат во безвучни. Пример:
Безвучните согласки пред звучните преоѓаат во звучни сват- сватба-свадба
Едначењето по звучност редовно се обележува и во зборовите со претставка.
Согласката ј се обезвучува и пред слеаните ц, ч во зборови со претставка.
Кога претставките што завршуваат на согласка (зад-, над-, од-, под-, пред-, без-, из-, раз-) ќе влезат во состав на збор што почнува со истородна согласка, настануваат два случаја.
Во некои зборови границата меѓу претставката и основниот збор јасно се чувствува, и согласките се пишуваат удвоено: оддели, поддава, раззелени, оттука, поттикне, бессовесен, ...
Во други случаи, кога е сраснатоста на составните делови изразена во поголем степен, по извршеното едначење се добива една согласка: одамна (од оддамна), бесмислен, бесмртен, бесрамен, бестрашен, исее, исекне, исели, исече, раседла (од разседла), расее, расели, расече, раслои, расобуе, расони и др.
Иста појава имаме и на составите меѓу префиските без-, из-, раз- и зборовите што почнуваат со ш. Во едни случаи се чува с: бесшумно (од безшумно), исшета, исшие, исшилчи, а во други, по асимилацијата на с во ш, се добило едно ш; ишари (од изшари), ишмрка, уштипе, рашета (од разшета), рашие, рашири, раштима, раштрка.
Едначењето по звучност не се одбележува во следниве случаи:
Не се одбележува едначењето на в пред безвучна согласка
Не се одбележува едначењето на д
Пред членската наставка -та не се одбележува и едначењето на другите звучни согласки
Согласката г не се едначи во: бегство, другпат.
Не се едначи т во сложенките од типот: петгодишен, десетгодишен, дванаесетгодишен, ...
Едначењето на согласките по звучност не се одбележува и во некои личните именки од туѓо потекло.
Во допир со гласниците (сонанти) не се врши едначење по звучност: милослив, милосница, мирислив.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.