From Wikipedia, the free encyclopedia
Евгенија Максимовна Руднева (руски: Евгения Максимовна Руднева), позната и како Женја Руднева (Женя Руднева) (24 декември 1920 – 9 април 1944 ) беше советски воен воздухопловен навигатор, Херој на Советскиот Сојуз, член на Московскиот огранок на Астрономско-геодетското Друштво на СССР и шеф на Одделот за сончева енергија.
Евгенија Максимовна Руднева Евгения Максимовна Руднева | |
---|---|
Прекари | Женја |
Починал | 9 април 1944 близу Керч, Крим, Советски Сојуз |
Држава | СССР |
Род | Советски воздухопловни сили |
Служба | 1941–1944 |
Чин | Постар поручник |
Единица | 46. Таманска гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк |
Битки/војни | Источен фронт на Втората светска војна † |
Одликувања | Херој на Советскиот Сојуз |
Евгенија Максимовна Руднева е украинка, родена во семејство на канцелариски работник. До октомври 1941 завршува три години образование на Факултетот за механика и математика при Московскиот Државен Универзитет, кога волонтира за да ѝ се придружи на Советската Армија. Станува член на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз во 1943 година.
По придружувањето кон Црвената Армија во 1941 година, Руднева завршува обука за навигатор на училиштето за навигатори Енгелс и влегува во борба во мај 1942 година. Служи со чин на постар поручник на женскиот 588. Ноќен бомбашки полк, кој подоцна е преименуван во 46. Таманска гарда на ноќен бомбашки полк (325. Ноќна бомбашка воздухопловна дивизија, 6. воздухопловна армија, Втор Белоруски фронт).
Прелетува 645 ноќни бомбашки мисии на стариот и бавен двокрилен авион Поликарпов По-2, уништувајќи мостови, возови со трупи, трупи и воена опрема на непријателот. За време на војната лета на бомбашки мисии на Транскавказкиот, Северно-кавказкиот и 4. Украински фронт, како и во битките за полуостровите Таман и Керч.[1]
Нејзиниот авион е соборен од противвоздухопловна артилерија и го губи животот заедно со нејзиниот пилот Пана Прокофјева во северните делови на Керч.
Во писмо до професорот Сергеј Блажко, шеф на Одделот за астрометрија при Московскиот Државен Универзитет, на 19 октомври 1942 година, пишува дека првата бомба фрлена над Нацистите ќе биде одмазда за бомбардирањето на Факултетот за механика и математика во зимата. Пишува дека ја брани честа на Универзитетот.
Споменици во нејзина чест се подигнати во Москва, Керч и населбата Салтиковка (во Московската област). Астероидот 1907 Руднева, училиште во Керч, улици во Бердјанск, Керч, Москва и Салтиковка се исто така именувани по неа.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.