Древеник
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Древеник — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Древеник | |
Координати 41°12′2″N 21°17′51″E | |
Општина | Битола |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 02048 |
Надм. вис. | 942 м |
Древеник на општинската карта Атарот на Древеник во рамките на општината | |
Древеник на Ризницата |
Селото се наоѓа на планината Древеник.
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Древеник живееле 415 жители, сите Албанци.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Древеник се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 66 куќи.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Албанци.[4]
Во 2002 година во селото живеееле 26 жители, сите Албанци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 415 | — | 466 | 440 | 117 | 147 | 116 | 61 | 47 | 26 | 3 |
Според истражувањата од 1955 година, родови во селото
Древеник е албанско муслиманско село, сите родови во селото се доселенички. Родови во Древеник се: Беколар (8 куќи), Дединовци (5 куќи), Далиповци (8 куќи), Дучелар (3 куќи), Нурелар (5 куќи), Мучелар (2 куќи), Дауталар (2 куќи), Јаупалар (4 куќи), Небиалар (3 куќи), Металар (3 куќи), Мисирли (1 куќа), Имерлар (1 куќа) и Османлар (1 куќа), повеќето родови во селото се доселени на почетокот од XIX век, од разни места во Северна Албанија. Во родот Беколар се знае следното родословие: Сулејман (жив на 55 г. во 1951 година) Фаик-Шериф-Весел-Беко, кој се доселил. Во родот Дединовци се знае следното родословие: Изет (жив на 77 г. во 1951 година) Исмаил-Дедин-Ибраим, кој се доселил во селото. Во родот Далиповци се знае следното родословие: Рамо (жив на 49 г. во 1951 година) Бајрам-Зибер-Далип-Алим, кој се доселил во селото; Суљовци (1 куќа) доселени се од селото Пресил, каде имаат истоимени роднини.[11]
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 201 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Лопатица.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 250 гласачи.[13]
До 1912 година година албанците од селото воглавно се иселувале во Битола. До 1955 година се иселиле 40 семејства, и тоа во Битола, Турција (Истанбул), Доленци, Трновци, Мургаш.[11]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.