Долно Оризари (Велешко)
село во Општина Велес From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Велес From Wikipedia, the free encyclopedia
Долно Оризари — село во Општина Велес, централна Македонија. Денес нема жители.[2]
Долно Оризари | |
Координати 41°40′27″N 21°44′56″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Велес |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1408 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 29553 |
Надм. вис. | 216 м |
Долно Оризари на општинската карта Атарот на Долно Оризари во рамките на општината | |
Долно Оризари на Ризницата |
Селото се наоѓа непосредно до реката Тополка на надморска височина од 216 м. Лежи југозападно од градот Велес и не далеку на југоисток од Горно Оризари. Во близина на запад од селото и преку реката е фабриката „Порцеланка“.
Подрачјето на Долно Оризари е населено уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Свилара.[3]
Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Вардар го обележал Оризар како македонско село.[4][5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Долно Оризари имало 125 жители, од кои 85 Македонци, а 40 Турци.[4][6]
На почетокот на XX век целото хистијанско население на Долно Оризари потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 128 Македонци под егзархијата.[4][7]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Долно Чалтики (Dl. Caltiki) како мешано македонско христијанско и турско село.[4][8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Македонци.[9]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
По Втората светска војна е забележан голем пад на населението на Долно Оризари. На пописите во 1953 и 1961 г. за селото нема одделни податоци бидејќи е вброено во населението на Горно Оризари. Во подоцнежните децении имало по неколку жители, за конечно да биде иселено некаде во првата половина на 1990-тите. Според пописот од 2002 година, Долно Оризари немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 125 | 128 | 12 | — | — | 2 | 5 | 2 | 0 | 0 | 0 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.