From Wikipedia, the free encyclopedia
Длабочелен смок (науч. Malpolon monspessulanus) — вид на слабо отровна змија од семејството на смоковите (Colubridae).
Длабочелен смок | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Потколено: | ’Рбетници |
Класа: | Влекачи |
Ред: | Лушпари |
Подред: | Змии |
Семејство: | Смокови |
Род: | Длабочелен смок |
Вид: | Длабочелен смок |
Научен назив | |
Malpolon monspessulanus (Hermann, 1804) | |
Синоними | |
Ова е мошне честа змија во Македонија[4] и низ Средоземјето.[5] Научното име monspessulanus претставува латинизација на градот Монпелје во јужна Франција.[6]
Длабочелниот смок достигнува должина од 2 м и може да тежи до 1,5 кг.
Змијата е активна преку ден и се храни претежно со гуштери.[5]
Иако е отровен, познати се само неколку случаи на каснување и затоа не претставува никаква опасност за луѓето. Забите се сместени во заднината, а самиот отров е мошне малку токсичен и, во случај на каснување, лечењето е симптоматично.[7] Поради мирољубивоста, длабочелникот смок е мошне распространет, дури и во населени подрачја.
Генетските наоди укажуваат на тоа дека видот води потекло од северноафриканското подрачје Магреб и дека се преселил во југозападна Европа пред 83.000 до 168.000 години, а уште порано во југоисточна Европа и западна Азија.[5] Длабочелниот смок е во најблиско сродство со северноафриканските и арапските видови качулест длабочелен смок или „лажна кобра“ (Malpolon moilensis) и со фосилниот вид од плиоценска Шпанија наречен Malpolon mlynarskii, со кои го сочинува родот длабочелен смок (Malpolon).
Постојат три главни подвида на длабочелен смок. Постои големо генетско разидување помеѓу западниот подвид (M. m. monspessulanus) и двата источни подвида (M. m. insignitus и M. m. fuscus), поради што е предложено источниот да биде прогласен за посебен вид. Се смета дека овие две групи се одвоиле некаде пред 3,5 до 6 милиони години.[5] Во 2006 г. е опишан и четврт подвид — M. m. saharatlanticus.
M. m. monspessulanus живее во југозападна Европа (Шпанија, Португалија, јужна Франција и северозападна Италија)[6] и западен Магреб, каде се ареќава во Мароко и приморските делови на Алжир (источно од градот Алжир). На средината на телото обично има 19 реда грбни лушпи и темно „седло“ во предниот дел кај мажјаците. M. m. monspessulanus има еден средиштен израсток на тилната коска кој образува изразена мамуза свртена наназад; двата источни подвида имаат два неизрасени коскени израстока. Европските и северноафриканските видови немаат забележителни генетски или морфолошки разлики, што укажува на скорешна преселба во Европа.[5]
M. m. insignitus живее од источно Мароко до (и заклучно со) Алжир и од средоземните краишта на Тунис до западна Сирија, вклучувајќи го Кипар. Во Мароко западен Алжир се среќава на повисоки места од M. m. monspessulanus. Обично име 19 реда грбни лушпи на средината на телото, но мажјаците го немаат темното „седло“. Често имаат тесни бледи надолжни пруги. Податоците од низите на генот цитохром b укажуваат на тоа дека се парафилетски во однос на M. m. fuscus, при што кипарскиот M. m. insignitus е во поблиско сродство со грчкиот M. m. fuscus отколку со северноафриканскиот M. m. insignitus.[5]
M. m. fuscus се среќава во југоисточна Европа, Турција, северен Ирак и западен Иран.[5] Се разликува од M. m. insignitus по тоа што има само 17 реда грбни лушпи на средината на телото.[5]
M. m. saharatlanticus живее на подрачјето од Бу Изакарн во Мароко до Дахла во Западна Сахара и на север до Аулуз и Тафраут.[6]
Длабочелните смокови што се среќаваат во посувите подрачја во Сирија, Јордан и Ирак напати се тешки за распознавање бидејќи имаат или 17 или 19 реда, што значи дека истовремено можат да личат на M. m. fuscus и на M. m. insignitus.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.